Тестови

Наш тест: Nolan X-lite X801RR

xlite801mmm.jpgЗатскриен во сенките на познатите имиња на Arai и Shoei, Nolan X-lite потајно ги заштитува главите на шампионите во 250GP и MotoGP. X-lite веќе подолго време произведува висококвалитетни и иновативни кациги, а првиот модел кој го привлече нашето внимание беше X-lite X901.

Следете нè на:

 

Делува моќно од секој агол Затскриен во сенките на познатите имиња на Arai и Shoei, Nolan X-lite потајно ги заштитува главите на шампионите во 250GP и MotoGP. X-lite веќе подолго време произведува висококвалитетни и иновативни кациги, а првиот модел кој го привлече нашето внимание беше X-lite X901.

Продажбата на моделот X901 оди слабо но не затоа што се работи за лоша кацига туку заради чудниот изглед кој и го дава иновативниот аеродинамичен дизајн. Сепак луѓето се навикнати да го купуваат само познатото, па Nolan не успеа да забележи позначителен успех со овој модел.

Со X-lite X801RR добивме компактна, лесна и стабилна кацига, за која можеме слободно да кажеме дека е тркачки настроена. Самата кацига ги содржи сите сертификати кои се очекуваат од кацига која припаѓа на овој сегмент од пазарот.

Nolan X-lite X801RRNolan X-lite X801RR


Nolan го нарекува материјалот од кој е изработена внатрешноста на кацигата “unitherm”, и за разлика од останатите конкуренти, внатрешноста е мазна, не предизвикува триење на кожата и е навистина удобна за носење. Внатрешноста комплетно може да се отстрани и да се мие одделно од надворешноста. Кога сме кај надворешноста да споменеме дека доаѓа во три различни големини, во зависност од бројот на кацигата кој ќе го одберете. Одлично доколку купувате S или М кацига, а притоа нормално не сакате да изгледате како вонземјанин. Лушпата (обвивката) на кацигата е изработена од композит на кевлар, карбон и стакло, додека пак графиката на самата кацига рачно ја завршуваат вработените во фабриката на Nolan во Италија.

Nolan X-lite X801RR И покрај тоа што кацигата е иницијално замислена како тркачка кацига, нема да имате проблем со секојдневна употреба. Постојаното кревање и спуштање на визирот како и системот за вентилација функционираше беспрекорно додека ја тестиравме.

Тестот на голема брзина покажа дека во Нолан ја научиле лекцијата со моделот X901 па 801 нема да проба да ви ја откорне главата од рамена. На голема брзина кацигата е стабилна, но помалку бучна. Погледот одвнатре е одличен, а системот против замаглување го чува визирот чист дури и кога не возите, а дишите нормално во кацигата.

Механизмот овозможува брзо и едноставно менување на визирот Визирот има две опции за затворање: со првата го заклучувате, а со втората оставате мал процеп кој ќе помогне во доводот на свеж воздух. Начинот на кој ќе го затворите визирот лесно се менува дури и со дебели зимски ракавици. Промената пак на визирот е едноставна и лесна, не ви е потребен никаков додатен алат, а механизмот остава впечаток дека станува збор за тежок и комплициран систем.

Доколку најбитни ви се стабилноста на кацигата и цврстината на самата обвивка, а притоа не барате бесшумност, Nolan X-lite X801RR e вистинската кацига за вас.
Спецификации:
    * Nolan N61 е изработена од висококвалитетна GE Lexan® обвивка и патентиран Hi-Brite заштитен слој.
    * Еден отвор за вентилација на предната страна и два отвори над визирот.
    * Нема деформации на леќата (визирот), tool-less quick-change Lexan® face shield that is UVA and UVB protected.
    * Антибактериска внатрешност.
    * Подготвена за вметнување на заштитник од ветар и замаглување.
    * Двоен D-Ring систем за затегнување.
    * DOT сертифицирана

Кацигата беше позајмена на тестирање од MKD-StreetFighterz, каде може да се купи по цена од 400 евра.

Tомислав Трајковски
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!