Тестови

SWM RS300R – високо квалитетен и достапен мотоцикл

Со оглед на тоа дека на саемите за мотоцикли доминираат модели чија цена изнесува околу 10 000 евра, SWM RS300R чија што цена изнесува 5500 евра во Максима, ни доаѓа како пријатна промена.

Следете нè на:

 

Кога станува збор за пазарот на оф роуд мотоцикли, има само неколку модели по пристапна цена. Со оглед на тоа дека на саемите за мотоцикли доминираат модели чија цена изнесува околу 10 000 евра, SWM RS300R чија што цена изнесува 5500 евра во Максима, ни доаѓа како пријатна промена. Со оглед на разликата во цена, се поставува прашањето дали ако го купите овој мотоцикл сега, подоцна ќе зажалите што не сте доплатиле за да купите некој од лидерите во класата? Одлучивме да откриеме дали е тоа точно.

SW1

Ако не сте во тек со историјата на производителот, еве неколку информации. Во 1987 година, мото одделот на Husqvarna беше продаден на Италијанскиот производител на мотоцикли „Cagiva“. Производството беше префрлено од Шведска во Варезе и стана дел од MV Agusta фамилијата. Дваесет години подоцна, во 2007 година, BMW го купи брендот со намера на голема врата да влезе во пазарот со ендуро мотоцикли.

На прв поглед, се чинеше како навистина паметна одлука. Одлични машини со прекрасен дизајн беа произведувани во фабриката во Варезе. Брендот уживаше голем успех на пазарот со ендуро мотоцикли. Но, зад сцената беше очигледно дека BMW повеќе не е толку заинтересиран за целата идеја. Во јануари 2013 година одлучија да го продадат целиот оддел на Pierer industries.

swm2

За компанијата беше јасно дека производството ќе биде префрлено во фабриката во Матигхофен. Кога ова и официјално се случи во октомври 2013 година, новите сопственици беа решени да не преземат ниту еден од актуелните модели. Но тоа не се случи. Инжинерот Ампело Маки кој има работено за „Cagiva“, „Aprillia“ и „Husqvarna“ сметаше дека не треба да се отфрли работното искуство на Италијанските работници. Склучувајќи договор за соработка со Кинескиот производствен гигант „Shineray“, Маки формираше нова компанија и одлучи повторно да го акивира брендот SWM кој запре со производство во 1984 година. Во текот на седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век, SWM беше една од главните компании во мотокрос и ендуро светот.

Користејќи комбинација на модели кои потекнуваат од претходни мотоцикли на Husqvarna и нови машини, SWM полека но сигурно се искачуваше на пазарот, а моделот RS300R е веројатно најкомпетитивната ендуро машина на пазарот. На презентацијата на моделите на SWM во Италија на која присуствувавме имавме прилика да го тестираме токму овој модел.

ZAC 5212

Изгледот на мотоциклот е навистина важен. Грдите мотоцикли не се продаваат но за среќа SWM не е таков, а неговата црвена, црна и бела боја му дава дополнителен ефект. Логото е преработено од оригиналната верзија која потекнува од седумдесетите години. 

Моторот е компактен и е заштитен со црвен околоп. Иако не е мал, сепак сите компоненти се внимателно испланирани и лесно достапни. Седиштето се протега од резервоарот па се до задната суспензија и дополнително го подобрува изгледот на мотоциклот. Ако има едно нешто што не ни се допаѓа тоа е предниот калник кој изгледа навистина чудно без разлика колку е ефективен. Но сепак, што се однесува до изгледот, мислам дека мотоциклот слободно може да добие осмица од можни десет.

Да погледнеме сега како е се ова споено. Мотоциклот има единечна главна рамка како и подрамка. Напред има пар на 48mm Kayaba USD вилушки кои имаат прилагодлива компресија. На задниот дел исто така има Kayaba единица со истите можности за прилагодување. Амортизерот не се наоѓа централно со цел таму да може да се смести воздушната кутија.

SW8

Во однос на сопирачките, и на двата краја има хидраулични единици. Напред се поврзани со 260mm диск додека пак на задниот дел има 240mm диск. Гумите имаат стандардна 21/18 комбинација, 90/90 напред и 140/80 позади. Мотоциклот доаѓа од фабриката опремен со Michelin Completion IV.

Во однос на моторот, тој има четири вентили. Има авто компресија која помага при палењето, а исто така има и мануелен декомпресор. По страните на мотоциклот се наоѓаат двата ладилници, а исто така има и квачило кое е управувано од хидрауличен механизам.

Мотоциклот има електричен стартер кој се чини дека е во мода на пазарот деновиве. Според нас, ова е погрешно бидејќи нема да можете да го запалите мотоциклот доколку ви се испразни акумулаторот.

Системот за гориво користи 42mm Mikuni тело кое е контролирано од страна на EFI единица. Како надополнување, мотоциклот има и Regina ланец кој ја поврзува предната ѕвезда која има 13 забци со задната која има 50.

Во однос на димензиите, SWM има основа од 1485mm и висина на седиште од 955mm. Целиот мотоцикл има тежина од 111 килограми пред да го наполните и онака малиот резервоар со капацитет од 7.5 литри. А за да се задоволат бирократите, тој е во согласност со Euro 3 и 4 стандардите.

swm300 r

Нашиот тест со SWM RS300 очекуваме да биде тежок бидејќи за овој тест планираме да заминеме во сосема друга држава. Иако заминавме во Италија, сепак теренот не беше поразличен од оној кај нас. Во текот на осумте часа додека возевме, поминавме на голем број на различни патеки, од крос патека до возење низ природата. Една од нив беше исклучително тешка и беше невозможно да ја поминете доколку сакате да седите на мотоциклот додека возите.

Но додека седите на мотоциклот, веднаш добивате чувство како да сте на Husqvarna. Седиштето делува како да е повисоко, а ова ви го кажува КТМ возач. Кумплугот е прилично лесен, а и предната сопирачка дава добро чувство.

Кога прв пат го запаливме мотоциклот, ми се чинеше дека брзините се премногу кратки. Речиси исто како и кај двотактен модел, моќноста на RS се движи постепено. На почеток со нежен пренос, а потоа ја покажува вистинската сила како се зголемува бројот на вртежи.

Откако ќе го постигнете ова, тогаш возењето станува многу попријатно. Можеби делува малку потешко во споредба со 300 cc двотактен модел, но сигурно не за многу, благодарение на компактниот мотор. Балансот на мотоциклот е особено важен и можеме да кажеме дека SWM завршија одлична работа. Дури и кога го возевме на тешка патека, каде што нема голем простор за маневар, тој беше одличен. Мотоциклот исто така добро се справува и со водата. Во еден момент се најдовме на едно прилично длабоко место, но моторот продолжи напред без никаков проблем. Во однос на суспензијата, таа се покажа одлична и на двете страни.

ZAC 5409

Обично кога гледате мотоцикли кои се значително поефтини од конкуренцијата, очигледно е каде се направени измените за да се заштеди на пари. Ефтини делови и лошо монтирање сето тоа се одлики на мотоциклите од долниот дел на пазарот. Знаете на кои мислиме...

Но ништо од ова нема кај SWM. RS300R е одлично направен, и се функционира во најдобар ред, од сопирачките па се до електрониката. Додадете на ова и дека е за две илјади фунти поефтин.

Секако, голем дел од заштедата доаѓа од тоа дека новиот мотоцикл дели голем дел од компонентите со Husqvarna кои се веќе претходно направени. Без да се  зголеми цената поради истражувањето и развојот, момците од SWM успеаа да претстават на пазарот нешто што е навистина атрактивно за потенцијалните купувачи.

Лошата страна кога купувате поевтин мотоцикл е фактот дека кога ќе го продавате нема да можете да ја зголемите неговата цена. Но дали е тоа важно? Ако барате добро направен ендуро мотоцикл кој нема да ве чини многу, тогаш купувањето на сосем нов SWM е подобра опција отколку да купите некој KTM или Husqvarna кои веќе имале неколку сопственици.

comments

Би можело да ве интересира

Клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп викендов по 5-ти пат ќе ја организира меѓународната трка насловена како „Storm Riders 2017“ на мото крос арената во Лагово.

Вицешампионот за сезоната 2017 во MotoGP шампионатот, Андреа Довициозо, вели дека мора да ги согледа позитивните работи како од трката која се возеше во неделата така и од неверојатно успешната сезона за него и за Ducati.

Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!