Тестови

Возевме: KTM RC 390 2015

Благодарение на Динамикс, увозникот на КТМ за Македонија, имавме прилика да го провозиме новиот RC 390 ABS (44ks) кој се продава по цена од 5500 евра.

Следете нè на:

 

ktm rc390 2015 6Го возевме новиот KTM RC 390 2015

Благодарение на Динамикс, увозникот на КТМ за Македонија, имавме прилика да го провозиме новиот RC 390 ABS (44ks) кој се продава по цена од 5500 евра.

КТМ во 2014 направи огромен бум и тоа во две полиња прво со Адвенчер моделите, а потоа и со феноменалниот 1290 Super Duke R со што успеа да го сврти вниманието на купувачите на нејкeд мотори. Но сега сите погледи на КТМ се фрлени кон друга класа, класата на суперспорт мотори со мала зафатнина. Класа која досега им припаѓаше на Kawasaki Ninja 300 и Honda CBR250R (или по ново Honda CBR300R за да може да се држи до конкуренцијата).

Моделот RC390 е дизајниран и развиен во фабриката на КТМ во Австрија, но се произведува во Индија заради помалите трошоци, а со тоа и подостапна цена на пазарот. Шасијата личи на онаа на веќе докажаниот препознатлив модел на КТМ RC8 со портокалова боја, но всушност таа е земена од Duke 390 и преработена со поагресивна управувачка геометрија со која му го оправдува спортскиот изглед на моторот, a со тоа и меѓуоскиното растојание му изнесува 1340мм.

Напред има 34мм „upside down“ вилушки  (кои за жал не се штелуваат) додека задниот амортизер се подесува само на федерот. И предните и задниот амортизер се од марката WP произведени во Индија. Всушност скоро се што е на моторот е произведено во Индија па дури и Bosch ABS системот кој во овој модел доаѓа како стандардна опрема. За оние кои не сакаат ABS можат да го исклучат со притискање на едно копче во било кое време.

Кочниците се од брендот на ByBre кој всушност значи “By Brembo” кои се сопственост на Brembo за да го задоволува пазарот на мотори со мала зафатнина. Без разлика на брендот, кочниците одлично си ја вршат својата функција. Напред како и назад за гуми од КТМ се одлучиле за Metzeler Sportec M5 со димензии 110/70ZR17 и 150/60ZR17. RC390 носи агрегат со еден цилиндар со зафатнина од 373 ссм кој произведува 44 кс.

Она што е интересно за овој модел иако е спортски и има спортско седење сепак ногарките се намерно поставени пониско за да можат да ги возат и повисоки луѓе без потешкотии и грчеви. Исто така мораме да напоменеме дека иако овој модел важи за почетници сепак мора да се внимава со рачката за гас бидејќи моторот има доволно сила да ве изненади во секое време.

За цените на КТМ моделите во Македонија кликнете овде.

По пауза од неколку години Динамикс е новиот официјален увозник на „портокаловиот“ мотор. Првите примероци од КТМ веќе се изложени во салонот на Динамикс во Скопје, а како што најавуваат од таму, наскоро ќе започне продажбата на делови како и овластен сервис за КТМ. 

 

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!