Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка. Дури иако возите со 10 милји на час повеќе од дозволеното, ќе може да се соочите со казна од 50%, но само доколку случајот се најде на суд.

speeding

Ќе постојат три нивоа (А,Б,Ц) во зависност од брзината на возење и нивото на казна. Доколку ве фатат како возите со брзина помеѓу 31 - 40 милји на час на места каде што е дозволено само 30 милји, тогаш казната ќе биде дел од нивото А и ќе изнесува околу 50 %. Доколку се спореди со просечната плата во Англија, тогаш казната би изнесувала 200 фунти.

Доколку пак ве фатат како возите со брзина од 51–на милја на час во зона каде што е дозволено најмногу 30 милји, тогаш прекршокот ќе биде дел од третата категорија а казната би изнесувала околу 600 фунти.

Исто така ќе има разлика и за тоа дали прекршокот е направен низ град или на автопат.

Но да напоменеме, овие казни се однесуваат само ако завршите на суд. За помали прекршоци, се уште постои опцијата да отидете на курс кој често им се доделува на возачите кои за прв пат прават прекршок. Тој трае речиси половина ден и се нуди како опција за да не добиете казнени поени.

Back To Top