Оние мотоцикли за кои очекувањата беа големи не се продадоа, други се продадоа за неочекувана цена, а моделот на BMW Renosport од 1954 година беше продаден за најмногу пари.

1939-BMW-RS-255-Kompressor

Aукцијата на мотоцикли „Бонхамс Лас Вегас“ која се одржа во средата даде неколку вознемирувачки и изненадувачки резултати.

Оние мотоцикли за кои очекувањата беа големи не се продадоа, други се продадоа за неочекувана цена, а моделот на BMW Renosport од 1954 година беше продаден за најмногу пари.

Моделот на BMW,  за кој се смета дека бил користен од фабричкиот тим за време на шампионската сезона од 1954 година, беше продаден за 148.000 долари вклучувајќи ја и провизијата.

Screen-shot-2012-12-23-at-3.29.58-PM

Моделот од 1952 година, Vincent 998cc Black Shadow, достигна цена од 118.000 долари. Тоа беше единствената друга  продажба која достигна цена со шест броеви, покажаа резултатите на Бонхамс. Претставник на аукциската куќа изјави дека е можно некои од мотоциклите кои што не се продадоа за време на аукцијата  да се продадат подоцна , доколку продавачите и купувачите се договорат за цената.

Редок, бел модел на Mars 956cc A20 од 1920 година, кој претходно беше дел од музејската колекција на Отис Чендлер, издавач на Los Angeles Times, се продаде за 75.000 долари,  далеку под проценетата вредност од  100.000 до 125.000 долари.

799px-1920 Mars A20 956cc

Моделот за кој се очекуваше да достигне највисока цена, BMW RS255 Kompressor од 1939 година, и кој беше оценет помеѓу 500.000 и 600.000 долари, не го достигна минималниот влог и беше повлечен од продажба. Уште еден мотор кој не успеа да се продаде беше моделот Ace Four од 1928 година за кој се претпоставуваше дека ќе достигне цена помеѓу 200.000 и 250.000 долари. Husqvarna 400, крос мотор од 1970 година, порано во сопственост на Стив Меквин, исто така не се продаде.

Screen-shot-2012-12-23-at-3.38.57-PM

Неодамна откриениот примерок на Leo 1905, за кој се смета дека е единствениот останат мотоцикл од овој вид, се продаде за изненадувачки скромна цена од 24.000 долари.

Leo-1905

Back To Top