Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Сепак има некои компании кои работат да се надмине и овој проблем. Помеѓу автономните мотоцикли и прегледот од 360 степени, најновото нешто што би можело да дојде е автономното сопирање и Harley-Davidson работи токму на тоа.

20182F082Fhdpatent1

Според Motorcycle.com, Американската компанијата веќе има поднесено патент за ваков систем. Ова значи дека идните модели на Harley би можеле да понудат поддршка и да го сопрат мотоциклот во случај на несреќа.

Сензорите кои се наоѓаат на рачките и на седиштето треба да се погрижат возачот да седи во правилна позиција и дека двете раце му се наоѓаат на рачките. Сензорите кои ги има на таблата ќе бидат фокусирани на очите на возачот, односно ќе внимаваат дали тој е подготвен за вонредно сопирање. Ако постои можност за несреќа, а возачот не реагира, тогаш системот ќе стапи во акција.

Овој систем ќе функционира во комбинација со системот за сопирање кој го има на предното тркало. Иако овој систем е ефикасен кај автомобилите, сепак е потешко тој да функционира кај мотоциклите бидејќи постои можност возачот да летне преку мотоциклот. Според патентот на компанијата, возачот може да ги промени опциите на системот доколку смета дека има целосна контрола над ситуацијата.

Harley не е единствената компанија која работи на овој систем. Меѓу останатите фирми е и Honda. Но со оглед на тоа дека овој систем сè уште не е 100 проценти функционален, останува да важи правилото дека секогаш треба да внимавате на вашата околина.

Back To Top