Вести од светот

BMW доби признание од читателите на магазинот Motorrad

Со победи во категоријата на спортски мотоцикли, туринг/спортско-туринг мотоцикли, „crossover“, класична категорија како и со освоени три втори и две трети места, BMW постигна уште еден импресивен резултат на деветнаесетото гласање за мотоцикл на годината.

Следете нè на:

 

Со победи во категоријата на спортски мотоцикли, туринг/спортско-туринг мотоцикли, „crossover“, класична категорија како и со освоени три втори и две трети места, BMW постигна уште еден импресивен резултат на деветнаесетото гласање за мотоцикл на годината.

bmw motorrad gets praised by motorrad magazine readers 116431 1Очекувано признание за BMW

„Уште еднаш, јас сум многу задоволен од импресивниот резултат кој го постигнаа нашите мотоцикли и сакам да им се заблагодарам на читателите на MOTORRAD што гласаа за нас. Девет места на подиумот се голема потврда за квалитетот на BMW.“ изјави Стефан Шалер, директор на BMW Motorrad и дополни:

Трет пат по ред BMW S 1000RR го освојува првото место во категоријата на спортски мотоцикли, а 17.8 проценти од читателите гласале за него. Читателите уште еднаш им одадоа признание на нашите перформанси комбинирани со високата безбедност благодарение на „Race ABS“ и „Dynamic Traction Control DTC“ како и електронски конролираната суспензија.

BMW S 1000 XR ја доби наградата за „Crossover“ мотоцикл на годината откако за него гласаа 19.7 проценти од нашите читатели. Тие беа освоени од фасцинантната комбинација на спортско ориентирани карактеристики, одличните туринг квалитети и индивидуалниот дизајн.

Кај Туринг/Спорт – Туринг класата, R 1200 RS повторно е на врвот благодарение на целокупните негови карактеристики. Тој доби 22.5 проценти од гласовите, слично со резултатите кои ги освои минатата година. 

Во однос на класата на модерни мотоцикли, нема ништо подобро од BMW R nineT кој освои 25 проценти од гласовите благодарение на одличниот микс  на класичен дизајн, врвна технологија и динамично возење.

И покрај очекувањата, R 1200 GS за малку ја загуби победата, а нешто слично се случи и со BMW R 1200 R во категоријата „Naked Bike“.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!