Во време кога компаниите добиваат оцена според тоа како се претставени онлајн, BMW Motorrad одлучи да го промени изгледот и функционалноста на својата виртуелна страна со тоа што претстави нова, редизајнирана интернет страна.

Во време кога компаниите добиваат оцена според тоа како се претставени онлајн, BMW Motorrad одлучи да го промени изгледот и функционалноста на својата виртуелна страна со тоа што претстави нова, редизајнирана интернет страна.

Модерната и минималистичка интернет страна го претставува BMW Motorrad како начин на  живот и содржи голем број на содржини и информации за возачите.

bmw motorrad 1

Брендот, производите, животниот стил, продажбата, сето ова е поврзано преку еден интересен, современ стил, а претходните, статични објаснувања на производот сега се заменети и повеќе наликуваат како да читате приказна.

Секоја страница го одразува карактерот на производот, а ќе можете да прочитате и текстови за возачи, рачно изработени мотоцикли, тековни настани како и други интересни приказни.

Страницата сега е дизајнирана за да изгледа повеќе како да имате директен разговор со некој од продавачите на BMW Motorrad, а на неа ќе можете да погледнете и голем број на интересни видеа.

За новата платформа се направени повеќе од 400 страни кои содржат повеќе од 8000 слики и видеа. Новата страна ќе биде достапна во повеќе од 50 земји, првата верзија е достапна на Германски јазик, а наскоро следуваат и останатите. Се работи за една од најдобрите индустриски платформи во светот, ако не и најдобрата. Има чист, минималистички дизајн, интересни транзиции и анимации кои го подобруваат корисничкото искуство.

Back To Top