Вести од светот

За „Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава ќе се вози и во Македонија

Во недела, 25ти септември, десетици илјади лица низ стотици градови ширум светот ќе ги наместат краватите, ќе ги средат мустаќите и ќе се качат на своите класични мотоцикли за да соберат пари и да ја зголемат свеста за здравјето на мажите.

Следете нè на:

 

Во недела, 25ти септември, десетици илјади лица низ стотици градови ширум светот ќе ги наместат краватите, ќе ги средат мустаќите и ќе се качат на своите класични мотоцикли за да соберат пари и да ја зголемат свеста за здравјето на мажите, односно за истражувањата за пронаоѓање на лек за за рак на простатата и спречување на самоубиствата.

414f16993cbe3411ee143dd89e79019e

Возењето во костум со причина: Од каде доаѓаме и каде одиме

Мото клубот на почитувани господа беше основан во Сиднеј, Австралија, од страна на Марк Хава. Тој беше импресиониран од една фотографија на Дон Дрејпер од серијата „Mad Man“, а на која тој вози класичен мотоцикл додека е облечен во неговиот најдобар костум. Марк одлучил дека вакво возење од една страна би бил одличен начин да спротистави на негативните стереотипи за мотоциклистите, а друга страна мото заедницата да се зближи уште повеќе.

На првото возење во 2012 година присуствуваа повеќе од 2500 возачи низ 64 градови. Успехот на настанот го охрабри основачот да размисли како би можела да се искористи оваа поддршка за некоја вредна цел.

  • Во 2013 година учество на настанот зедоа 11 000 возачи од 145 градови низ светот и беа собрани повеќе од 277 илјади долари кои беа наменети за пронаоѓање на лек за рак на простатата.
  • Во 2014 година, учество зедоа 20 000 возачи од 257 градови во 58 земји од светот и беа собрани 1,5 милиони долари кои беа наменети за пронаоѓање на лек за рак на простатата.
  • Во 2015 година, , учество зедоа 37 000 возачи од 410 градови во 79 земји од светот и беа собрани 2.3 милиони долари кои беа наменети за пронаоѓање на лек за рак на простатата.

2hbuq7a7bvk080

Под влијание на загубата на еден член на клубот поради депресија, во 2016 година целта ќе биде променета. Сега фокусот покрај истражувањето за пронаоѓање на лек за рак на простата ќе биде и спречување на самоубиствата. На настанот ќе му се приклучи и здружението „Movember“, а поддршка ќе дадат и  „Triumph Motorcycles “ и „Zenith Watches.“

Оваа година во листата на „Distinguished Gentleman’s Ride“ влезе и Македонија. До сега се пријавени 28 учесници и собрани се 172$.

Мото клубот на почитувани господа е почит кон комбинацијата на убавото облекување и класични мотоцикли.

b4e5d4f46ca1c3967c97af053fef02f1

Што значи тоа?

Замислете си: Наочари, средени мустаќи и класичен костум.

Мотоцикл: Cafe' Racer, Bobber, Classic, Tracker, Scrambler, Old School Chopper, Modern Classic, Sidecar, Classic Scooter.  Посетете ја нашата страна за да видите какви мотоцикли го прават овој настан уникатен.

Работи кои треба да ги понесете со себе: Вашите најдобри манири и смислата за хумор и насмевка.

Цена: Возењето е бесплатно но сепак ги охрабруваме сите кои ќе возат да направат направат мала донација како и да ја споделат целта на ова возење со своите пријатели и да ги охрабрите и тие да донираат.

Регистрација: За да се регистрирате за најблиското возење и за да донирате посетете ја страната www.gentlemansride.com/register.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.