Вести од светот

Ducati ги повлекува Supersport и Supersport S

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Следете нè на:

 

Луѓето кои ги сакаат Италијанските мотоцикли сигурно ја сакаат и возбудата која тие ја носат со себе. Сепак, репутацијата која ја има Италијанската компанија за спонтаното согорување, можеби е помалку нефер, но не и дека не е точна. Последното повлекување на мотоцикли на Ducati е вистинска потврда за ова.

ducati supersport s 633x388

Според Националната агенција за безбедност на патиштата, Ducati, на 5-ти јуни, наредил повлекување на околу 1500 Ducati Supersport  и Supersport S 2017-2018 модели. Мотоциклите биле произведени помеѓу Јули 2016 и Мај 2018 година, а нивниот број на шасија се движи од ZDMVABDS0HB000160 до ZDMVABDSXJB006585. Очигледно, кај некои модели, воздушната кутија и цревата се премногу блиску до колекторот на издувот. Поради тоа, постои можност цревата да се стопат и горивото да истече низ целиот колектор.

Од Ducati ги предупредија возачите да внимаваат да не се појави чад на долната, лева страна на мотоциклот.

Овие проблеми компанијата за прв пат ги забелажа во Мај 2018 година. Оттогаш, за краток период се добиени уште неколку извештаи за вакви дефекти. Компанијата веднаш го разгледа дефектот и издаде предупредување да се повлечат сите мотоцикли кои се соочуваат со вакви проблеми.

Ducati веќе им ја соопшти одлуката за повлекување на сите компании со кои соработуваат во САД, Индија, но и Европските земји, а таа наскоро ќе им биде пренесена и на сите сопственици на овие модели. За среќа, проблемот не е премногу сериозен. Цревото ќе треба да се поврзе само на друго место за да не може да се стопи. Секако дека оваа замена ќе биде извршена бесплатно.

За да проверите дали вашиот мотоцикл е дел од оваа кампања, посетете ја веб страната: http://www.ducati.com/services/recall_campaigns/index.do, и впишете го бројот на шасијата.

Би можело да ве интересира

Во Хонда салонот на Макпетрол во Скопје пристигнаа два нови модела: Honda VFR1200X и CBR1000RR

На почетокот од сезоната Македонија беше домаќин на третата меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба на која присуствуваат активни полициски службеници и полициски ветерани од шест земји од регионот.

9-та рунда од МотоГП шампионатот викендов не води на патеката Захсенринг во Германија.

Дани Педроса официјално го објави своето повлекување од МотоГП трките, ова ќе биде последна сезона за шпанецот.

Логично е Дукати да „извади“ и соголена верзија од популарниот нов модел, но ќе мора да почекаме до саемите за мотоцикли оваа година за да видиме дали тоа ќе се претвори во реалност.

Ќе има нов Kawasaki Ninja ZX-6R како модел за сезоната 2019, тоа барем можеме да го потврдиме.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!