Вести од светот

Ducati сака мотоциклите и автомобилите да комуницираат меѓусебно

Ласери и C-V2X, Ducati има план да ги направи патиштата побезбедни.

Следете нè на:

 

На почетокот на годинава, Ducati ги објави првите пет чекори од нивниот проект „2025 Safety Road Map“, кој треба постепено да ги интегрира новите безбедносни технологии во своите мотоцикли. Веќе се работи на „Cornering ABS“ како и преден и заден радарски систем. Следен чекор, како што велат од компанијата е комуникација помеѓу возилата.

cv2x 770x433

Неколку компании веќе работат на тоа да ги направат патиштата побезбедни. BMW го тестира системот „self-riding motorcycle“ додека пак технолошката компанија Ride Vision развива камера која ќе има опсег од 360 степени. Во април 2018 година, Ducati го објави планот за ласерски систем кој ќе детектира мотоцикли. А сега знаеме која ќе биде следната фаза: C-2VX.

Ducati развива систем за комуникација помеѓу возилата. Не станува збор за ново име за воки-токи туку се однесува на комуникацијата помеѓу мотоциклите и автомобилите. За таа цел ќе биде употребен Qualcomm 9150 C-V2X чип. Системот кој ќе биде инсталиран во возилата ќе разменува информации со другите возила кои се дел од сообраќајот со цел да ги информира возачите во случај да постои можност од сообраќајна несреќа.

Компанијата, во соработка со Audi, веќе започна со тестирање. Ducati Multistrada 1200 Enduro, Audi Q7 SUV како и  A4 седан за време на тестовите веќе комуницираа меѓусебно. Во моментов, тие се единствените кои се поврзани на системот, но Ducati има за цел сите превозни средства да бидат поврзани меѓусебно.

Ducati и Audi се дел проектот „Connected Vehicle to Everything“. Во него во моментов се вклучени уште и Ericsson, SWARCO, Техничкиот Универзитет во Кајзерслаутерн како и GmbH.

Според ПјерЛуиџи Замперини, менаџерот за иновации во Ducati, ова е вистинска демонстрација на тоа како модерната технологија може драстично да ја подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Производителот вели дека има за цел проектот да биде готов до 2025 година.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!