policija-motori-francijaПолициските службеници на мотори од Францускиот регион Morbihan се побунија поради лошата опрема, искористувајќи го притоа нивното право на штрајк наведувајќи ја лошата состојба на нивните кациги како главна причина.

policija-motori-francija

Француските полицајци продолжуваат да се бунтуваат

Полициските службеници на мотори од Францускиот регион Morbihan се побунија поради лошата опрема, искористувајќи го притоа нивното право на штрајк (прекин со работа заради безбедносни причини) наведувајќи ја лошата состојба на нивните кациги како главна причина.

Полицајците кои последната опрема ја добија во 2007 година, станаа незадоволни бидејќи сеуште немаат добиено нова опрема. Кацигите обично се користат помеѓу 3 и 5 години во зависност од интензитетот на употреба.

Службениците сега одбиваат да излезат на пат со нивните мотори.

Според полицискиот синдикат, школката на кацигата почнала да се лупи после само 1,5 година упореба. На службениците им било кажано дека тоа нема да влијае на нивната безбедност, но ситуацијата се влошила.

„Школката стана кршлива и не нѐ заштитува повеќе. Визирот не ни овозможува доволно видливост. Заштитната облога е оштетена и не обезбедува нормална заштита“  изјави Dominique Le Dourmer , заменик секретарот на GSP полициската единица. За нас е неприфатливо да продолжиме да возиме во овие услови.

„Ситуацијата е загрижувачка поради големиот број на полициски единици кои се во употреба“

Министерството за внатрешни работи им вети нови кациги до крајот на годината, но тоа не беше доволно за да ги спречи овие полицајци да го изразат своето мислење. Администрацијата пак вината ја префрли на проблеми со снабдувањето.

Back To Top