Вести од светот

Групацијата Piaggio отвори музеј посветен на скутерите

Италијанската компанија отвори музеј во кој се претставени неколку стотици Веспи.

Следете нè на:

 

Веспа има посебно место во светот на мотоциклите. Луѓето си ги сакаат своите веспи. Затоа не бев премногу изненаден кога дознав дека Италијанската компанија, во чија сопственост се уште и Vespa, Gilera, Moto Guzzi, Aprilia, одлучи да отвори музеј.

20182F042FScreen Shot 2018 04 25 at 10.16.21 PM

На речиси 5500 метри квадратни изложени се повеќе од 250 примероци од секоја класа и ера на Piaggio мотоциклите. Првиот викенд веднаш по отворањето на музејот привлече речиси 10 илјади посетители.

Покрај мотоциклите, во музејот имате можност и да дознаете повеќе за богатата историја на компанијата, нивните успеси во оф роуд натпреварувањата, машините за време на втората светска војна. Отворањето на музејот исто така се совпаѓа и со јубилејот од 50 години од претставувањето на „Vespa Primavera“. Меѓу другите атракции се и колекцијата „Gilera“ која го содржи „1909 Gilera VT 317“  - велосипедот со мотор, потоа колекцијата „Piaggio“ во која е вклучен и скутерот „1943 Vespa MP5 Paperino“.  Уметничката колекција го содржи „1962 Vespa Dali“ додека пак „Vespa Racing“ колекцијата го содржи моделот „1947 Vespa 98 Corsa“.

Screen Shot 2018 04 25 at 10.15.42 PM

Покрај мотоциклите, музејот има и многу работи кои се поврзани со Piaggio како што се моторот за воз „MC2 54“ и авионот со две седишта „P.148“. Покрај тоа што има организирани тури, постои и нешто што се нарекува образовни активности наменети за сите студенти, а исто така има и посебен оддел наменет за најмладите. Музејот се наоѓа во градот Понтедера во Тоскана, а влезот е слободен.

За повеќе информации посетете ја нивната веб страна.

Screen Shot 2018 04 25 at 10.16.38 PM

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!