Легендарниот мотоцикл на Honda, CRF1000L Africa Twin, ќе биде дел од новата програма на National Geographic наречена: "Riding Morocco: Chasing the Dakar."

Во програмата ќе учествуваат Австралискиот модел Лаура Кортан и рели ветеранот, Кристоф Бариер-Варху. Двајцата ќе патуваат низ Мароко, кој порано беше дел од легендарното рели, Париз – Дакар.

Изминативе неколку години, поради безбедносни причини, релито Дакар се оддржува во Јужна Америка.

Chasing the Dakar 770x513

Од National Geographic велат дека Кортан и Бариер-Варху за време на нивното патешествие ќе посетат неверојатни предели, а исто така и ќе стекнат нови пријателства.

„Парот ќе им претстави на гледачите едно неверојатно возење со мотоцикл,“ пишува во соопштението испратено до медиумите.

Бариер-Варху ќе понуди технички упатства за време на патувањето, користејќи ја притоа мануелната трансмисија на Africa Twin. Кортан пак ќе вози Honda DCT но со автоматска трансмисија.

AT2

Honda на големо ги промовира мотоциклите опремени со DTC. Од компанијата велат дека мотоциклите го нудат истото чувтсво кое го има кај моделите со мануелна трансмисија, со таа разлика што сега возачот не мора да се оптоварува со менување на брзина.

Back To Top