Honda во Америка доделува финансиска помош за натпреварувачите кои возат со Хонда мотоцикли.

Honda денеска ги објави деталите од својата 2018 Red Rider Rewards програма, која обезбедува средства за лицата кои се тркаат со Honda мотоцикли. Наградите се базираат врз основа на резултатите кои ги постигнуват возачите во аматерските и професионалните тркачки серии. Програмата продолжува да се развива и обезбедува широка поддрша за возачите кои се дел од голем број на тркачки серии ширум државата.

Red Rider Rewards 633x388

Меѓу дисциплините кои ќе добијат поддршка се: оф роуд: аматерски и професионален мотокрос, Суперкрос и Арена крос, стандардните трки и „flat track“.

Во моментов вредноста на целиот пакет изнесува  5.395.160 долари но се очекува во следните месеци тој да се зголеми.

Повеќе детали во однос на тоа како да се регистрирате и како ќе се одвива распределбата на средствата можат да се најдат на нивната интернет страна.

„Со оглед на успехот на Honda CRF, CBR и Montesa Cota, со задоволство сакаме да соопштиме дека ќе го зголемиме фондот за 2018 година“, изјави Брендон Вилсон, асистент менаџер во „American Honda Motorcycle Sports“. Моделите на Honda се познати низ целиот свет по својот квалитет и се дел од многу приватни тимови. Токму поради оваа причина одлучивме средствата да ги распоредиме на оние на кои им се најпотребни. Со овие зголемувања, плус и подобрувањaта кои ги имаат новите модели на Honda, очекуваме зголемено присуство на црвената боја на трките и на подиумот во 2018 година.

Во истото соопштение се наведува и дека Honda ќе ја прошири својата поддршка и во новиот аматерски „Arenacross“ шампионат. Организиран во партнерство со „Arenacross“ тимот на Honda , оваа програма ќе им обезбеди на аматерите пристап до делови и помош во текот на целото натпреварување. Секако, „Red Rider Support“ ќе обезбеди поддрша и за останатите тимови, а повеќе детали за тоа  ќе бидат објавени наскоро.

Во следниот период, Honda ќе објави повеќе информации за оваа програма а сите средства се исплаќаат директно на возачите преку „XTRM AnyPay“.

Back To Top