Вести од светот

Honda најави нов Superbike мотоцикл за 2017 година

Honda конечно ќе ја подобри понудата на супербајк мотоцикли за сезоната 2017 и ќе го замени Honda CBR1000RR.

Следете нè на:

 

Во моментов, тоа е најлошо чуваната тајна во мотоспорт индустријата. Honda конечно ќе ја подобри понудата на супербајк мотоцикли за сезоната 2017 и ќе го замени Honda CBR1000RR.

Не се знае дали новиот мотоцикл ќе биде CBR или RVF, бидејќи се уште се водат разговори за тоа како мотор ќе има новиот модел.

Без разлика дали ќе биде сличен на CBR1000RR или пак ќе биде со V4 мотор какви што имаат тркачките мотоцикли на Honda,  новиот мотоцикл ќе има голем предизвик пред себе.

Honda CBR1000RR 2017Приказ на тоа како би можел да изгледа новата Honda CBR1000RR 2017

Honda е последниот Јапонски бренд кој нуди подобрување на својата платформа. Suzuki кон крајот на годинава ќе го претстави GSX-R1000, моделот на Yamaha YZF-R1, веќе е стар една година, а дури и Ninja ZX-10R на Kawasaki е значително подобрен за сезоната 2016.

Новиот мотоцикл на Honda секако ќе има контрола на тракцијата како и голем број на други електронски додатоци. Тој ќе има речиси 200 коњски сили. Главниот тест секако ќе биде на тркачката патека бидејќи Ники Хејден веќе потпиша двогодишен договор со тимот на Honda кој ќе настапува во Светскиот Супербајк шампионат.

Сезоната 2016 веќе изгледа дека ќе биде тешка за возачите на Honda, Марк Маркез и Дани Педроса. Се чини дека Honda ја повторува грешката од 2015 година. Имаат премногу силен мотор.

Бидејќи и софтверот во MotoGP е променет, тимот на Honda ќе има уште потешка задача за да го скроти четири-цилиндричниот ѕвер. 

Но дали Honda ќе создаде два мотоцикли? Еден кој ќе биде наменет за трки, а друг за возење на улица? Ќе биде интересно да го видиме конечниот резултат.

Сезоната 2016 само што не започнала, а ние веќе зборуваме за следната година.

 

comments

Би можело да ве интересира

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Живееме во време кога речиси сѐ можете да купите преку интернет, освен автомобили и мотоцикли. Но се чини дека ова второто наскоро ќе се промени откако Ducati најави дека подготвува специјален модел кој ќе може да се купи само преку интернет.

Ако сте личност која е позната по тоа што носи сомнителни одлуки и на располагање имате десетици илјади долари, тогаш ова е вашиот среќен ден.

Ренди Мамола ќе биде последното име кое ќе се најде на официјалната листа на MotoGP легенди.

Џастин Барсиа, кој во моментов се наоѓа на третата позиција во 2018 Monster Energy Суперкрос шампионатот потпиша договор со корпорацијата Yamaha Motor и ќе продолжи да вози за Monster Energy/Knich/Yamaha тимот и во останатиот дел од сезоната во Суперкрос шампионатот.

Уште откако почнав да следам МотоГП, постоеше силна врска меѓу Валентино Роси и Dainese. Деветкратниот светски шампион ја обожува нивната опрема, а бидејќи кацигите AGV се во сопственост на Dainese воопшто не не изненадува одлука за продолжување на одлуката, петта година по ред.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!