Со самото купување на Хускварна од БМВ од страна на „Pierer Industrie AG“ (сопственикот на КТМ), се поставуваше прашањето како ќе заврши брендот кој започна во Шведска, а потоа се пресели во Италија.

husaberg-husqvarna

Со самото купување на Хускварна од БМВ од страна на „Pierer Industrie AG“ (сопственикот на КТМ), се поставуваше прашањето како ќе заврши брендот кој започна во Шведска, а потоа се пресели во Италија.

Неизвесно беше како КТМ ќе се справи со уште еден бренд кој е ориентиран исклучиво кон оф-роуд мотоцикли, а уште поголема недоумица стави изјавата на Пиерер дека ќе прекине со производството на некои од најавените модели. Тој уште додаде и дека брендот ќе се сврти кон производството на нејкед мотоцикли (имајќи го во предвид моделот Husqvarna Nuda 900 јасно беше што мисли новиот претседател), па фановите на Хускварна почнаа да се сомневаат дека ќе дојде до целосно уништување на она што за нив беше историја.

Во моментот она што е познато за јавноста е новата најавена компанија која ќе го носи името „Husqvarna Sportmotorcycle GmbH“ со седиште во Австрија и која ќе произведува мотоцикли со технологија на Хусаберг, а ќе се продаваат под брендот Хускварна.

Иако никој не најави дека ова е крај за Хусаберг, сепак извесно е што ја чека компанијата. За среќа на фановите на Хускварна, новата измелезена компанија ќе го зачува дигнитетот и под истото име ќе продолжи да произведува оф-роуд мотоцикли.

Плановите за новите модели веќе се на хартија, а првите примероци се очекува да ги видиме на саемот ЕИЦМА во Милано кон крајот на годинава.

Back To Top