Во Индија едно лице успеало да избега со мотоцикл изложен во салон за продажба вреден 18.000 евра.

honda cbr1000rr sp 2014 01

Во Индија едно лице успеало да избега со мотоцикл изложен во салон за продажба вреден 18.000 евра.

Во инцидентот што се случил вчера, осомничениот избегал со Honda CBR 1000RR, откако претходно изразил желба да го купи. Сопственикот на продавницата изјави дека не сакал да му дозволи на осомничениот да го изнесе мотоциклот надвор бидејќи врнело, но се сепак на крај му дозволил.

- Ми кажа дека само сака да го проба мотоциклот, па затоа се согласив. Тој му кажал на еден од вработените во продавницата да го следи возачот бидејќи се плашел дека мотоциклот може да остане без бензин. Но набрзо, вработеното лице се вратило во продавницата и му кажал дека осомничениот избегал.

Од полицијата му рекле дека ќе го разгледаат случајот.

Back To Top