Исламистичките власти од градот Ихоксеумава во Индонезиската провинција Ацех најави дека на жените ќе им биде забрането да седат расчекорени врз мотор зад мажите, пренесува BBC.

20130103180842696

Исламистичките власти од градот Ихоксеумава во Индонезиската провинција Ацех најави дека на жените ќе им биде забрането да седат расчекорени врз мотор зад мажите, пренесува BBC. 

Индонезија е доминантно муслиманска земја, но споменатата провинција е единствена која го следи шеријатскиот закон, па таму беа забележани примери на ’превоспитување’ на панкери со стрижење, а на жените им е забрането да носат фармерки.

Суаиди Јахја, градоначалник на Ихоксеумава, тврди дека целта на планираната забрана е спасување на јавниот ’морал и однесување’, а локалните власти моментално спроведуваат акција на делење информативни летоци преку кои ќе го запознаат населението со предлог прописот кој ги обврзуват жените доколку се возат на мотор заедно со маж, нозете да ги држат префрлени на една страна.

Расчекорената поза, како што се наведува, се коси со исламските вредности и ги крши истите.

„Кога ќе видите жена како седи расчекорена, таа изгледа како маж. Но кога седи со нозете на една страна, таа изгледа како жена“, смета Суаиди.

Градоначалникот додаде дека патниците кои врз мотоциклите седат со нозете на страна, ’поретко паѓаат’ од превозното средство.

Локалната влада ќе ја разгледува забраната за еден месец, а потоа истата може и веројатно ќе се претвори во градска наредба, после што ќе следи и воведување на казна за прекршителките.

Извор: „Таратур

Back To Top