Од компанијата ни пристигна информација дека се подготвува скутер, а како што потврди и Едуард Лоте, директор на компанијата за Западна Европа, сериозно се размислува и за електричната иднина на Ducati.

Бигфут, Неси, Росвел, сите овие се митови со кои се среќаваме. А во мото индустријата можеме да додадеме уште еден: Скутер произведен од Ducati. Оваа тема често е дел од  разговорите кај мото ентузијастите и во медиумите, но таа секогаш беше негирана од страна на шефовите на Ducati.

Но денеска од компанијата ни пристигна информација дека се подготвува скутер, а како што потврди и Едуард Лоте, директор на компанијата за Западна Европа, сериозно се размислува и за електричната иднина на Ducati.

2018 Ducati 959 Panigale Corse 10

Иако ги отфрли можностите за влез во 300cc суперспорт категоријата, Лоте сепак најави дека Ducati ќе понуди попријатни опции за урбаните возачи во форма на скутер. Тој исто така ги потврди плановите на Ducati на пазарот да понуди електричен мотоцикл иако не потврди кога тој ќе се појави ниту пак во која категорија ќе биде.

Планот Roadmap E на Volkswagen, има за цел до 2030 година да ги направи електрични сите модели на компанијата, а во нив спаѓа и Ducati.

Во интервју за „Moto-Station“, Лоте сепак изјави дека не треба наскоро да очекуваме скутер ниту пак електричен мотоцикл и дека ако се случи такво нешто во иднина, тоа сигурно нема да биде пред 2021 година.

А за мото индустријата, 2021 година е особено важна бидејќи сите модели на компаниите ќе мораат да бидат во согласност со Euro 5  стандардот. Поради оваа причина, Ducati ќе бидат прилично зафатени, дел поради промена на целата линија, а дел и поради создавањето на идни модели.

Една позитивна работа. Лоте вели дека Ducati е посветен да го направи својот мотор со воздушно ладење да биде во согласност со Euro 5 стандардот, што воопшто не е мала работа.

Back To Top