Вести од светот

Jawa влегува на пазарот со мотоцикли во Индија

Познатиот бренд се враќа во Индија и најави освојување на пазарот

Следете нè на:

 

Royal Enfield ужива прилично добра позиција на Индискиот пазар со мотоцикли, нудејќи притоа популарни, убави и пред се мотоцикли кои се креирани таму. Но тоа исто така го прави брендот и лесна цел на ривалите. Со оглед на развојот на пазарот со мотоцикли во државата, воопшто не не чуди што и други компании сакаат дел од колачот. Последниот ривал кој се вклучува е Jawa, која неодамна повторно се врати на пазарот и е подготвена да се натпреварува.

JAWA 770x433

На почетокот на годината, Cleveland Cyclewerks, која има седиште во САД, најави дека има намера да го предизвика Royal Enfield со серија на мали мотоцикли и тоа на нивниот домашен терен. Но сепак тие не преставуваат голема закана за компанијата која повеќе стравува од друг производител кој во минатото покажал дека може да им создаде сериозни проблеми.

Чешката компанија, Jawa, уште од првиот пат кога се појави на пазарот во Индија, кон крајот на педесетите години, веднаш привлече голем број на љубители на мотоцикли. На улиците низ државата се уште можат да се видат модели како што е 350. Тоа само покажува колку се тие само издржливи.

Две децении откако го прекинаа производството во Индија, Jawa повторно се враќа таму. Извршниот директор на групацијата Mahindra, Ананд Махиндра потврди дека Чешката компанија ќе го продолжи производството во Индија и притоа ќе ја користи нивната фабрика.

Во моментов, на глобалниот пазар брендот нуди два модели, Jawa 350 и Jawa 660. Сепак, најавуваат дека во Индија ќе произведуваат помали мотоцикли, најверојатно со зафатнина од 300 цц. Засега се уште не се познати спецификациите на новиот мотоцикл чие што производство се очекува да почне во јули 2018 година.

Би можело да ве интересира

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

„Можеби некои од шефовите во Yamaha ќе го погледнат бројот на порази и ќе прашаат зошто е тоа така“, Валентино Роси

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!