Вести од светот

Јубилеј за Honda: Произведени 1 милион SH скутери

Фабриката на Honda, Атеса, која беше основана во регионот Абруцо во Италија во 1971 година, слави импресивен јубилеј откако успеа да произведе еден милион примероци од SH скутерите.

Следете нè на:

 

Фабриката на Honda, Атеса, која беше основана во регионот Абруцо во Италија во 1971 година, слави импресивен јубилеј откако успеа да произведе еден милион примероци од SH скутерите.

2017 honda sh125 Honda SH125 2017

Само по себе тоа е импресивна бројка но вреди да се знае и дека фабриката не започна со производство на овој скутер се до 1996 година. Тоа значи дека во периодот од 11 години производство на SH скутери во Италија, годишно биле создавани по речиси 100,000 примероци. Линијата SH за прв пат беше воведена во 1984 година со моделот SH50. Првиот примерок од оваа серија беше произведен во Белгија, а 12 години подоцна производството беше префрлено во Италија.

Трансферот во Атеса исто така допринесе за создавање на нова верзија на SH50 како и на комплетно нов SH100. Сега во компанијата се произведуваат сите три модели од SH линијата: SH125, SH150 и SH300.

1984 honda sh50Honda SH50 1984

SH125, најпродаваниот скутер во Европа за 2016 година со 17000 примероци, се произведува во фабриката во Италија од 2001 година. Моделот 2017 Honda SH125i има LED светла напред и позади, „Smart Key“ и нов изглед.

Секако, бројката од 1 милион скутери за 11 години е импресивна но во 2014 година Honda стигна до бројката од 300 милиони скутери. Се започна во 1949 година со Honda Dream Type-D, а последниот модел кој беше произведен и со кој се одбележа јубилејот е Gold Wing. Легендарниот Super Cub модел на Honda е мотоциклот кој е најмногу произведуван со 87 милиони примероци.

Во Македонија застапник за Хонда е Макпетрол, а скутерите од SH серијата се достапни по следните цени:

Модел Цена
SH300 ABS 5.590
SH150 A 4.090
SH125  3.590 
comments

Би можело да ве интересира

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бројот на медиуми посветени на мотоциклите постојано се менува, а таквите промени влијаеа врз една доста популарна интернет страница: Motocycle.com.

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!