Вести од светот

MV Agusta ги откупи своите акции од Mercedes AMG

Денеска беше потврдено дека MV Agusta ги откупи своите акции кои претходно беа во сопственост на Mercedes AMG. Со овој договор, Германскиот бренд и официјално повеќе не е дел од Италијанската компанија за мотоцикли.

Следете нè на:

 

MV Agusta сега ќе биде контролирана од Џовани Кастилиони и семејството Сардаров. За фановите на брендот MV Agusta, ова претставува почеток на едно ново поглавје за Италијанската компанија.

Во случај да не сте во тек, сопственичата структура во MV Agusta е многу комплексна и содржи неколку нивоа.

„MV Agusta Motor S.p.A“ е  компанијата која ги произведува прекрасните мотоцикли. На корпоративно ниво, таа е одделена од студиото за дизајн „Castiglioni Research Center“ и тркачката дивизија „MV Agusta Reparto Corse“.

Пред денешната информација, „MV Agusta Motor S.p.A“ беше во заедничка сопственост на „MV Agusta Holding Company“ и „Mercedes AMG“.  „MV Agusta Holding Company“ пак е во сопственост на „ComSar Invest“ и „GC Holding“.

„ComSar Invest“ е инвестициски фонд кој е поддржан од групацијата „Black Ocean“ која пак е дел од фамилијата Сардаров. Слична е ситуацијата и со „GC Holding“ на Џовани Кастилиони.

Но после денешната вест, „MV Agusta Motor S.p.A“ е во 100 процентна сопственост на „MV Agusta Holding Company“. Од таму велат дека сега можат да се фокусираат на иднината која вклучува четири цилиндрична платформа.

Би можело да ве интересира

Во Хонда салонот на Макпетрол во Скопје пристигнаа два нови модела: Honda VFR1200X и CBR1000RR

На почетокот од сезоната Македонија беше домаќин на третата меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба на која присуствуваат активни полициски службеници и полициски ветерани од шест земји од регионот.

9-та рунда од МотоГП шампионатот викендов не води на патеката Захсенринг во Германија.

Дани Педроса официјално го објави своето повлекување од МотоГП трките, ова ќе биде последна сезона за шпанецот.

Логично е Дукати да „извади“ и соголена верзија од популарниот нов модел, но ќе мора да почекаме до саемите за мотоцикли оваа година за да видиме дали тоа ќе се претвори во реалност.

Ќе има нов Kawasaki Ninja ZX-6R како модел за сезоната 2019, тоа барем можеме да го потврдиме.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!