Според информациите кои ни пристигнуваат од Италија, MV Agusta преговара не со еден туку со тројца инвеститори кои би го презеле делот на Mercedes-AMG во компанијата.

Според информациите кои ни пристигнуваат од Италија, MV Agusta преговара не со еден туку со тројца инвеститори кои би го презеле делот на Mercedes-AMG во компанијата.

Како што веќе имаме кажано, MV Agusta се наоѓа во деликатна финансиска ситуација и веќе е нестабилна соработката меѓу Италијанскиот производител на мотоцикли и Германскиот автомобилски гигант.

MV Agusta  би сакала да ја прекине соработката со Mercedes, но во тој случај, Италијанската компанија ќе треба веднаш да го исплати долгот што го има.

За да дојде до разделба, на MV Agusta ќе и треба не само инвеститор кој ќе може веднаш да вложи пари туку и некој кој ќе може да го покрие долгот од 15 милиони евра кој ќе се активира откако Mercedes-AMG ќе си замине.

Според денешните информации, MV Agusta веројатно успеала да најде неколку заинтересирани странки. Според Италијанскиот весник  „Il Giorno “, MVAgusta е во преговори со три потенцијални инвеститори. Двајца се инвестициски фондови, а третиот е Италијански трговец.

Се претпоставува дека за да успее договорот, MV Agusta нуди поголем дел од својата компанија, односно не само 25% колку што имаше Mercedes-AMG, за сума помеѓу 25 и 50 милиони евра.

Сосема е можно извршниот директор на MV Agusta, Џовани Кастилиони, да понуди 49% од компанијата во обид да го собере потребниот капитал.  Според весникот, договорот би требало да се финализира до крајот на септември. 

Back To Top