Вести од светот

Нови гласини за Suzuki Hayabusa

Веќе знаеме дека ни пристигнува нов Suzuki Hayabusa но засега нема доволно информации каков ќе биде тој мотоцикл, какви карактеристики ќе има и како ќе изгледа. И покрај ова, постојано има гласини за тоа што се ќе соддржи овој модел. Најновата таква информација ни доаѓа од Италијанскиот магазин „Insella“.

Следете нè на:

 

Новинарите кои се дел од весникот тврдат дека Suzuki GSX-1300R всушност ќе стане GSX-1400R и ќе биде модел за сезоната 2019, а Suzuki Hayabusa ќе добие зголемување на својот четири цилиндричен мотор на зафатнина од 1,440cc. 2019 Suzuki Hayabusa ќе биде комплетно нова машина која ќе има контрола на тракцијата, полу активна суспензија и ABS сопирачки.

2019 Suzuki Hayabusa GSX 1300R Autoby 03

Од наша перспектива, мотоциклот треба да добие значително подобрување со оглед на тоа дека последната негова верзија излезе пред десет години. И уште нешто, Suzuki Hayabusa оваа година одбележува јубилеј, односно 20 години од првото појавување на пазарот. Се надеваме дека Јапонската компанија ќе има некое специјално изненадување.

Првично направен да биде мотоцикл кој ќе ја предизвикува бариерата од 320 километри на час, Hayabusa доби репутација на квалитетен уличен мотоцикл. Создаден за да биде неуништлив, па немојте да се изненадите доколку налетате на некоја Hayabusa која има поминато огромен број на километри.

Со оглед на тоа дека Kawasaki значително се шири во „hypersport-touing “ категоријата, овој модел е од голема важност за нив. Но со оглед на квалитетот кој го покажа претходната верзија, очекувањата се високи. Тоа може и да се очекува кога некоја компанија нема да извади модел подолго време.

Верувам дека за кратко време Suzuki ќе ни ги открие нивните планови, но се дотогаш, гласините нема да престанат да се шират.

2019 Suzuki Hayabusa GSX 1300R Autoby 02

Би можело да ве интересира

Макпетрол помогна во организацијата на „1st Skopje Vespa Days“.

Голем број на договори беа продолжени во пресрет на Француската MotoGP трка, а еден од нив е и оној на Алеш Еспаргаро кој го продолжи договорот со Aprilia и ќе остане дел од тимот се до 2020 година.

Алекс Ринс ќе остане дел од тимот на Suzuki MotoGP и во следните две години.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Сега откако CBR650F помина веќе одреден период на пазарот, Honda одлучи да му ги отстрани пластичните делови. Новиот модел има подолги рачки и веќе може да се најде во салонот на Макпетрол во Скопје.

После двојната победа на патеката во Имола, Џонатан Реа ги постави основите за освојување на неговата четврта последователна титула во Светскиот Супербајк шампионат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!