Вести од светот

Овој човек го урна рекордот на најмногу поминати километри на патека за 24 часа

Минатата година ја завршвме со рекордот за најголемо растојание поминато возејќи на едно тркало, а новата година ја почнувавме со рекордот за издржливост откако Карл Рис извозе повеќе од 3200 километри на патеката во Тексас.

Следете нè на:

 

Минатата година ја завршвме со рекордот за најголемо растојание поминато возејќи на едно тркало, а новата година ја почнувавме со рекордот за издржливост откако Карл Рис извозе повеќе од 3400 километри на патеката во Тексас.

this man broke the world record for most miles riding on a track in 24h 115965 1

Официјално потврдено и запишано во книгата на рекорди дека на 25-ти февруари во 16 часот и 27 минути, Карл Рис ја започна авантурата да влезе во Гинисовата книга на светски рекорди за најголемо растојание поминато за 24 часа на мотоцикл на тркачка патека.

Обидот кој се оддржа на патеката Континентал во Тексас беше успешен и тој вкупно помина 3410 километри за помалку од 24 часа. Тој го урна претходниот рекорд кој беше во сопственост на Метју Мекелви и кој изнесуваше 3256 километри.

Најголемата брзина која ја постигна изнесуваше 227 километри на час, а неговата просечна брзина изнесуваше 142 километри на час.

Рис мораше порано да го заврши настапот бидејќи неговиот главен механичар процени дека пневматиците се премногу оштетени и дека немаат замена. Но и покрај тоа што заврши 1 час и 18 минути порано од предвиденото, Рис го урна рекордот. За време на својот настап тој возеше со BMW K1600GT кој беше специјално модификуван за настапот. Мотоциклот имаше специјално изработен резервоар за гориво кој може да собере дополнителни 30 литри гориво, полесни бандажи изработени од јаглеродни влакна, литиумска батерија и појаки светла бидејќи патеката не е осветлена за ноќно возење.

Рис нагалено својот мотоцикл го нарекува „The Spirit of Cannonball Baker”  по надалеку познатиот Ервин „Cannonball“ Бејкер кој текот на својата кариера постави 143 рекорди. Тој беше возачот кој прв ја започна познатата „Cannonball run” од Лос Анџелес до Њу Јорк на мотоцикл во 1922 година.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.