Вести од светот

Пазете се кога продавате мотор, нова финта на крадците

Повеќе пати сме пишувале за различните работи што ги користат крадците за да ги измамат сопствениците на мотоцикли.

Следете нè на:

 

Еве уште еден инцидент  што се случи во северна Англија, во близина на Мидлзборо.

Дејвид Робинсон, сакал да го продаде својот мотоцикл KTM 690 SMC. Во два месеци колку што го има, тој само еднаш го возел мотоциклот. Минатата недела тој бил во болница и одлучил дека е добра идеја да го продаде мотоциклот.

Неговата цена била 1700 фунти, што е пристојна сум за мотоцикл. Робинсон бил контактиран преку телефон и заинтересираното лице се појавило во неговиот дом.

Уште еден начин за кражба на мотор

Купувачот го проверил мотоциклот и му рекол дека сака да го проба пред да одлучи дали ќе го купи или не. Бидејќи вакви работи се нормални кога купувате користен мотоцикл, Робинсон му ги дал клучевите. Исто така и му кажал дека има малку бензин во резервоарот за да не вози многу далеку.

Заинтересираниот купувач рекол дека ќе го остави неговиот автомобил како залог. Господинот Робинсон си помислил дека цената на автомобилот е повисока од онаа што тој  ја бара, па му изгледало како добра понуда. Но сепак, тој ги оставил клучевите од колата во бравата.

Откако Робинсон повеќе не можел да го види мотоциклот, излегол на улицата за да се обиде да го пронајде. Во истиот момент, слушнал како се пали автомобилот што му бил оставен.

Откако и двете возила ги снемало, господинот Робинсон заминал да пријави во полиција. Таму му кажале дека автомобилот бил украден претходната ноќ. Случаен минувач изјавил дека забележан некое лице како се крие во близина на гаражата на Робинсон. Сега полицијата трага по крадците но и по мотоциклот и автомобилот.

 

comments

Би можело да ве интересира

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бројот на медиуми посветени на мотоциклите постојано се менува, а таквите промени влијаеа врз една доста популарна интернет страница: Motocycle.com.

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!