Во обид да ги намалат сообраќјните прекршоци во Индија, полицијата од градот Бангалор на улиците распореди сообраќајни полицајци направени од картон.

cardboardcop

Во обид да ги намалат сообраќјните прекршоци во Индија, полицијата од градот Бангалор на улиците распореди сообраќајни полицајци направени од картон.

Поставени на прометни раскрсници во централниот кварт, идејата е да се контролира сообраќајот. Полицијата вели дека во 2012 година се случиле повеќе од 60.000 сообраќајни прекршоци и најмалку 2 лица умираат на патиштата секој ден.

Полицискиот комесар изјави за „BBC“ дека причината за поставување на вакви полицајци е поради фактот дека има недостиг на сообраќајни полицајци во градот и додаде: „Тоа не е трик. Секаде каде што поставивме вакви полицајци прекршоците се намалија.“

Back To Top