Полицијата побара од возачите кои имаат снимено некој инцидент да го споделат видеото со нив, интересен концепт кој би било добро да се применува и кај нас.

Пилот проектот преку кој полицијата ги користеше видео снимките од автомобилите и кацигите на возачите се чини дека ќе почне да се применува во целата држава. Операцијата наречена „Snap“ првично започна со Северен Велс во октомври минатата година. Сега таа започна соработка со „Go Safe“ и ќе биде распространета низ целата територија на Велс. Но и останатите полициски единици ширум Велика Британија и светот планираат да имплементираат слични процедури.

Helmet camera

Бидејќи се поголем број на возачи имаат видео камери додека возат, полицијата одлучи да побара од оние кои биле сведоци на некаква сообраќајна несреќа да го стават видеото на посебна интернет страна. Од октомври минатата година, полицијата во Велс успеа да реши 129 случаи благодарение на ваквите видеа.

Многу често камерите можат да докажат дека сте невини, вели инспекторот Дејв Каст, припадник на полицијата на Северен Велс.

„Имаше една девојка која со мотоциклот поминала на зелено и удрила во автомобил. Двајца сведоци изјавија дека таа поминала на црвено и дека возела пребрзо. Но камерата го покажа спротивното. Тие се соодветен и веродостоен доказ.“

Партнерството со „Go Safe“ ќе им овозможи на возачите брзо и едноставно ставање на видеото на интернет страната на полицијата. Потоа останува на полицијата да одлучи дали возачот треба да добие опомена, казна или пак покана за на суд.

Наредникот Иан Принц вели: „Ова не е нов концепт. И претходно имаме прифаќано вакви снимки како докази. Но она што е важно е дека полицијата заштедува многу време кое е потребно за решавање на случаите и притоа правдата е задоволена.“

Back To Top