Сигурно го помните видеото во кое моторџијата ја запроси својата девојка на сред автопат. Случката доби и правна разврска откако четворица од учесниците се уапсени заради предизвикување јавна опасност.

proposal

Младоженецот и тројца негови пријатели се уапсени поради предизвикување јавна опасност и учество во незаконско собирање. 24 годишниот Хектор Мартинез од Ковина, Калифорнија беше уапсен поради „непотребно забрзување.“

Најмалку 250 мотоциклисти го блокираа автопатот на 27 Јануари за Мартинез да може да и предложи брак на својата девојка. Блокадата која траеше две минути беше снимана и набргу се најде на интернет.

„Тие направија спектакл од тоа,“ изјави наредникот Курт Стормс. „Тоа е шлаканица за законот“

Стормс изјави дека успеале да ги најдат лицата преку социјалните мрежи бидејќи обвинетите премногу се фалеле за тоа што го направиле.

Против идната невеста не е покренато никакво обвинение.

Во продолжение и видеата од запросувањето

Back To Top