Минатата недела фабриката за мотоцикли на Хонда одбележа јубилеј на кој можат да му позавидат сите останати производители. Хонда во својата фабрика Кумамото во Јапонија го произведе 300 милионитиот мотоцикл.

honda-300-milioni

Минатата недела фабриката за мотоцикли на Хонда одбележа јубилеј на кој можат да му позавидат сите останати производители. Хонда во својата фабрика Кумамото во Јапонија го произведе 300 милионитиот мотоцикл. Се работеше за Honda Gold Wing, модел кој веќе следната година слави јубилеј сам за себе - 40 години производство на легендарниот туринг мотоцикл.

Хонда започна со производство на мотоцикли во 1949 година, кога во Јапонија беше претставен моделот Dream Type-D со зафатнина од 98cm3. Првата земја во која Хонда ги извезувала своите мотоцикли е Белгија во 1963 година. Денеска Хонда производството на мотори го има распоредено низ 32 фабрики во 22 земји.

Хонда стана популарна фабрика во раните 60-ти години со моделот Honda 50 позната и како Super Cub или Папаки. Моделот кој започна да се произведува во 1958 година, за само неколку години ја револуционизираше мото индустријата. Хонда од овој модел до сега има продадено неверојатни 90 милиони примероци!

Honda-fabrika

Да ви доловиме колку многу мотори има Хонда произведено во својата 65 годишна историја, ќе направиме неколку споредби. Доколку ги наредите сите мотоцикли еден зад друг, тие ќе направат круг околу екваторот на Земјата, но не еден, 10.5 круга! Тежината на материјалите кои се искористени за произведените мотоцикли изнесува 45 милиони тони. Не заборавајте и дека се искористени најмалку 700 милиони гуми и 400 милиони литри моторно масло.

Претседателот на Хонда и извршен директор г-н. Таканобу Ито по повод јубилејот изјави: „Им благодарам на нашите клиенти и на сите луѓе кои се вклучени во развојот и продажбата на Хонда. Благодарение на нив стигнавме до неверојатната бројка од 300 000 000 примероци. Ние ќе продолжиме со изработката на мотоцикли кои ќе ги задоволуваат потребите на сите возачи, во секоја земја и регион во светот.“

Back To Top