Верзијата која ја гледаме е само еден модел, но Harley-Davidson веќе најави дека ќе имаат цела линија на електрични мотоцикли. Нови модели од компанијата најавуваат дека ќе пристигнат и во 2022 година.

Ова што го гледате е „design validation vehicle“, односно нешто што е најблиску до производствената верзија. Но сепак, овој модел не е целосно машински креиран, голем дел од крајните работи се направени рачно и поради тоа не можеме веднаш да го пробаме. Барем не уште некое време.

Освен доколку во последните неколку години воопшто немате отворено некоја интернет страна за мотоцикли, тогаш сигурно сте запознаени со плановите на Harley за производство на електричен мотоцикл. Во 2014 година за прв пат имавме можност да го видиме проектот кој компанијата тогаш го нарече LiveWire. Мотоциклот кој денеска го гледаме пред нас, значително еволуираше во однос на првичната идеја.

Harley Davidson LiveWire prototype 02 770x433

Верзијата која ја гледаме е само еден модел, но Harley-Davidson веќе најави дека ќе имаат цела линија на електрични мотоцикли. Нови модели од компанијата најавуваат дека ќе пристигнат и во 2022 година. Harley овој проект го нарекува „twist and go“ и има за цел да ги привлече новите возачи а во исто време да стане и лидер во светот на електричните мотоцикли.

За време на едно интервју, потпретседателот на музејот посветен на Harley-Davidson како и правнук на основачот на компанијата, Бил Дејвидсон, изјави дека LiveWire продолжува да ја носи ДНК-та на компанијата во која изгледот, звукот и чувството се централен дел на секој проект. „Само почекајте да се качите на него. Ќе видите дека станува збор за вистински Harley-Davidson“, изјави Дејвидсон.

Harley Davidson LiveWire prototype 01 770x433

Извршните луѓе на компанијата дури пројавија интерес и за апликацијата која во последно време го освои светот, односно, заедничко возење на електричен скутер. „Навистина ни се допаѓа оваа идеја. Одново им ја откри идејата за слобода на луѓето,“ изјави директорот за меѓународна продажба во компанијата, Марк МекАлистер.

Новиот, електричен LiveWire ќе се произведува во Јорк, Пенсилвенија (САД) и на пазарот ќе се најде во 2019 година. 

Back To Top