Вести од светот

Раст на продажбата на мотоцикли во Европа

Неодамна ACEM објави 4.7 % зголемување на продажбата во првиот квартал за 2018 година, односно во првите три месеци од годината биле продадени 203,853 мотоцикли.

Следете нè на:

 

Растот на глобалната продажба пред се се должи на клучните пазари, Франција(+9.1%), Германија(+1.9%) и Велика Британија(+7.4%).

Сепак, пораст на продажбата на мотоцикли нема во сите Европски земји. Опаѓање има во Чешка(-17.3%), Полска(-28.7%) и Австрија(-18.9%).

mr burns europe

Исто така, растот не е ист во сите сегменти. За разлика од големите мотоцикли, чија што продажба расте, продажбата на помали модели во Европа е значително опадната и е намалена за 24.996 примероци во споредба со минатата година.

Дел од намалувањето се должи и на растот на електричните мотоцикли чија што продажба се зголеми за 118 % кај поголемите модели и за 50.8% кај помалите модели.

Зголемената продажба на електрични мопеди и мотоцикли сигурно не влијае толку на намалената продажба на мотоциклите со зафатнина од 50cc, но вреди да се напомене транзицијата од бензин на струја.

Она што недостига во извештајот е големата продажба на „e-bike“ во Европа што сигурно допринесува за намалената продажба на мопедите на бензин.

„E-bike“ сочинува околу 30% од пазарот на велосипеди во Европа во моментов, што само по себе е една голема бројка, а мото индустријата треба да посвети поголемо внимание на овој факт.

Земја Q1 2017 Q1 2018 % Промена
Франција 33,884 36,979 +9.1
Холандија 3,647 3,489 -4.3
Италија 45,495 46,126 +1.4
Белгија 5,624 6,004 +6.8
Шпанија 24,898 29,063 +16.7
Австрија 4,846 3,929 -18.9
Полска 2,937 2,095 -28.7
Англија 21,874 23,485 +7.4
Данска 715 502 -29.8
Германија 35,401 36,058 +1.9
Словениа 498 334 -32.9
Португалија 4,011 4,674 +16.5
Финска 466 340 -27.0
Хрватска 315 146 -53.7
Латвија 126 92 -27.0
Чешка 2,316 1,915 -17.3
Естониа 103 83 -19.4
Литваниа 65 60 -7.7
Лухембург 341 378 +10.9
Словачка 729 620 -15.0
Романија 127 183 44.1
Вкупно 194,655 203,853 +4.7

Извор: ACEM

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!