Познатиот Турски возач Кенан Софуоглу ќе се обиде да постигне светски рекорд со тоа што ќе достигне 400км/ч со својот Kawasaki H2R.

Најуспешниот возач во Суперспорт класата во Светскиот Супербајк шампионат, Кенан Софуоглу ќе се обиде да постави нов светски рекорд со тоа што ќе постигне брзина од неверојатни 400км/ч со својот Kawasaki H2R.

sofuoglu 400

Новиот мост во Турција „Осман Гази“ е со вкупна должина од 2,682 метри, и треба официјално да биде пуштен во употреба на 30-ти јуни од страна на Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. На церемонијата на отворањето Софоуглу ќе се обиде да го постави новиот рекорд.

Ќе се обидам да го сторам тоа на отворањето на новиот мост. Веќе разговарав преку телефон со нашиот претседател и тој ми ја даде поддршката за овој обид. Воопшто нема да биде лесно бидејќи треба да достигнам брзина од 400км/ч за помалку од 30 секунди бидејќи потоа постои можност гумата да пукне. Пред да тргнам ќе се обидеме да ја изладиме гумата и да се погрижиме се да помине во најдобар ред. Ќе носам и посебно изработен комбинезон за овој настан, а веќе 3 месеци се подготвувам за рекордот кој воопшто нема да биде лесен. Кенан Софуоглу

Супербајк шампионатот во моментот е на летна пауза се до следната трка која се вози на 17 и 18-ти септември па Софуоглу ќе може да се подготви без проблеми за настанот.

Back To Top