Вести од светот

Suzuki казнет со 12.5 милиони долари поради неисправни сопирачки

Минатата недела, после неколку часа разгледување, поротниците од еден суд во американската држава Џорџија одлучија да ја казнат компанијата Suzuki откако Адриан Џонс се здоби со сериозни повреди откако откажале сопирачките на неговиот GSX-R1000. 

Следете нè на:

 

Џонс тврди дека поради падот во иднина ќе има сериозни тешкотии при движењето и морал да ја напушти својата работа.

Неговиот адвокат бараше 14 милиони долари само за оштета како и дополнителни средства за претрпениот стрес. На крајот, судот на Џонс му додели 10.5 милиони долари оштета и дополнителни 2 милиони долари на неговата сопруга. Поротниците не ја одобрија бараната сума бидејќи, како што соопштија, дел од вината за несреќата имал и самиот возач.

20182F022Fmaxresdefault1

Како што изјави Џонс пред судот, несреќата се случила на 12-ти август 2013 година. Тој возел со својот мотоцикл кога одеднаш откажале сопирачките и тој загубил контрола над мотоциклот. Неговиот адвокат тврдеше дека Suzuki биле свесни за проблемот неколку месеци пред да се случи несреќата но дека не ги известиле сопствениците на ваквите мотоцикли се до октомври истата година кога компанијата одлучи да повлече повеќе од 200 илјади примероци произведени во периодот од 2004 до 2013 година.

Адвокатите на Suzuki пак изјавија дека самиот возач е виновен за несреќата поради невнимателно возење и дека првично Џонс изјавил дека несреќата не настанала поради неисправите сопирачки. Во полицискиот извештај кој беше прочитан во судницата се наведува дека Џонс на полицајците им кажал дека се лизнал и во ниту еден момент не се споменати сопирачките.

„Ако имате сообраќајна несреќа и се сомневате во исправноста на сопирачките, сигурно тоа прво ќе го кажете. Но тој не кажал ништо такво,“ изјави адвокатот кој го застапува Suzuki. Како надополнување на ова и експертот кој го ангажирала компанијата го потврдил ваквиот став. „Господинот Хувер е единствениот експерт кој се обиде да ја реконструира несреќата и никој не се противи на неговото мислење,“ изјавил адвокатот.

Адвокатот на Џонс пак не се сложува со ваквото мислење и тврди дека заклучокот бил донесен врз основа на неверојатни совпаѓања. Според него, тестовите кои биле направени после несреќата потврдиле дека причина за падот биле неисправните сопирачки. Исто така, при судењето беа споменати и други слични инциденти во кои биле вклучени мотоциклите на Suzuki.

„Тврдењето на Адриан како и на други двајца возачи кои имале слични проблеми со мотоциклите на Suzuki се многу покредибилни од она што го изјави експертот кој е платен од страна на компанијата, “ иајзви адвокатот на Џонс.

Тој на поротниците им покажа и меморандум од Suzuki во кој пишувало дека компанијата треба да се подготви за масовно повлекување на мотоцикли. И сето ова било направено без навремено да бидат предупредени сопствениците на ваквите модели. Според адвокатот, ова било намерно направено со цел да не влијае на продажбата на новите мотоцикли на компанијата.

Извор: revzilla.com

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!