Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Ваквиот потег на полицијата следува откако неколкумина жители се пожалија дека група на мотоциклисти возат пребрзо низ градските улици и воопшто не внимаваат на сообраќајната култура.

police drone

„Дроновите се оддлична поддршка на оперативната полициска работа,“ изјави шефот на локалната полиција, Џим Нај. „Оваа технологија нуди ефективна поддршка на нашите офицери кои се на теренот.“

„Дроновите дури можат да ги следат и набљудуваат осомничените лица за време на вооружен или терористички инцидент. На полицијата и обезбедуваат важни информации и ние можеме навремено да реагираме.“

Од полицијата соопштија дека разговарале и со противпожарната служба која веќе има на располагање дрон и тие да се вклучат во акцијата со цел да се промени начинот на однесување на мотоциклистите.

Но оваа полициска станица не е првата која се сетила на ваков начин да собира докази. Уште неколку полициски станици во близина во своите редови имаат дронови. Полицијата во Дорсет веќе има пет обучени полицајци кои управуваат со дроновите.

Ваквата идеја првично беше со цел да се намалат трошоците на секоја полициска станица бидејќи да се употреби хелихоптер еден час изнесува приближно 800 фунти. Дронот чини значително помалку, а плус и овозможува на полицијата да го употреби и на места каде би бил отежнат пристапот со хелихоптер.

Back To Top