Вести од светот

Yamaha оствари рекорден профит во 2017 година

Мото индустријата понекогаш може да биде навистина конфузна. Секој ден читаме дека продажбата се намалува но речиси секоја втора недела пишуваме дека некои од големите производители постигнал успех во продажбата на мотоцикли во 2017 година.

Следете нè на:

 

BMW, Ducati, Triumph, Indian, имаме пишувано за сите нив. А дел од оваа листа сега станува и Yamaha откако компанијата соопшти дека постигнала рекордна продажба минатата година. Всушност, нејзиниот приход се зголемил за речиси 60 проценти.

r1m 2018

Иако Јапонската компанија продолжува со успешната продажба на мотоцикли со помала зафатнина сепак најголем профит е остварен од продажбата на „high-end“ машините. На ова дополнително влијаеше и фактот дека трошоците за производство компанијата ги држеше на ниско ниво.

Најголема продажба, каде зголемувањето изнесува речиси 10 проценти, беше остварена во Азиските земји. Ова зголемување на Yamaha и донесе огромен профит. Од компанијата задоволно соопштија дека минатата година оствариле најголем профит во изминатава декада. Профитот бил искористен за да се подобри продажбата на скутерите во брзо растечките пазари, односно земјите како што се Индија и Бразил.

Се чини дека Yamaha Motor не планира да запре. Од компанијата прогнозираат постепено зголемување на профитот и во 2018 година. Yamaha исто така имаше добра продажба и во другите сектори. Се чини дека во моментов работите и одат во прилог на Yamaha.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.