Корпорацијата Yamaha денеска објави дека ќе продаде 8 милиони акции од нејзиниот удел во Yamaha Motor Co. Се очекува договорот  да биде завршен до крајот на утрешниот ден, а од компанијата велат дека ќе понудат неколку видови на хартии од вредност кои потоа би требало да се најдат на пазарот.

Според моменталната состојба на пазарот, зделката би требало да има вредност од 26 милијарди јени, односно 18 милијарди откако ќе се одбијат даноците. И покрај тоа што Yamaha Corporation и понатаму ќе остане главен акционер во Yamaha Motor Co, сепак нејзината позиција како акционер ќе се намали од 12.22% на 9.93 проценти.

YME HQ gal worlds full tcm120 551364

Но бидејќи во иднина таа нема да поседува 10 проценти од компанијата, нема да се смета како водечки акционер во Yamaha Motor Company.

„Откако ја проценивме состојбата од неколку страни, компанијата одлучи да го намали уделот до ниво кога веќе нема да бидеме сметани за едни од главните акционери,“ се наведува во соопштението на компанијата.

Но и моментот кога се случува ова е навистина интересен. Само што Yamaha објави дека ќе продава акции од Yamaha Motor Co, Јапонската компанија објави и дека планира да откупи 7 милиони од своите акции. Овој договор ќе ја чини компанијата приближно 25 милијарди  јени и се очекува да се случи во периодот помеѓу 1-ви декември 2017 и 31-ви мај 2018 година.

Во изминативе неколку години, акциите на Yamaha Corporation и Yamaha Motor Co. постојано се зголемуваа.Сепак во моментов не се познати мотивите кои стојат зад оваа продажба и откуп.

Извор: Јамаха

Back To Top