Вести од светот

Yamaha XSR900 освои награда за најдобар дизајн

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Следете нè на:

 

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година. 

Креиран да изгледа традиционално, Yamaha XSR900 беше специјално направен за да ги привлече потрошувачите од развиените земји каде што културата на возење мотоцикл е силно развиена.

Едноставниот и ретро дизајн на мотоциклот во комбинација со перформансите претставуваат гордост за сопствениците на ваквите мотоциклите, а исто така нудат и уживање во возењето.

yamahas xsr900 scores its fourth design award 115473 1

Мотивацијата потекнува од 847cc CP3 моторот кој го има кај MT-09  и кој може произведе 113 коњски сили. Мотоциклот има ABS сопирачки, контрола на тракцијата како и „Slipper“ квачило.

Оваа награда е вкупно четврта за моделот кој претходно ги доби и „Good Design BEST100“,  „Auto Color Award 2016 Special Prize“ и „JIDA Design Museum Selection.“

Во однос на помалку познатиот победник, &Y01 е направен преку соработка на Yamaha Motor и Yamaha и досега е претставен на неколку настани.

Количката има лесно и едноставно движење и доаѓа заедно со флексибилен TLF микрофон како и тенки ударни инструменти од двете страни на количката кои пак обезбедуваат едно комплетно ново искуство. На овој начин, лицето кое е во количката има свој самостоен перформанс.

„If Design“ за прв пат беше воведена во 1953 година и традиционално секоја година ја доделува организацијата „Industrie Forum Design“ од Хановер, Германија. Секоја година компанијата селектира супериорни дизајни од целиот свет.

comments

Би можело да ве интересира

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бројот на медиуми посветени на мотоциклите постојано се менува, а таквите промени влијаеа врз една доста популарна интернет страница: Motocycle.com.

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!