Саемот за мотори во Келн ќе ги отвори вратите за посетителите од 1-5 октомври. На Интермот 2014 ќе имаме прилика да проследиме 900 излагачи од 35 земји кои ќе претстават повеќе од 1200 брендови на мотори и мото опрема.

intermot 1024.jpg.3472402Новитетите за 2015 година ќе бидат претставени во Келн

Годинава Келн ќе биде градот во кој ќе се соберат производителите на мотори и мото опрема, Интермот 2014 започнува на 1-ви октомври, а ќе трае до 5-ти, период во кој повеќе од 900 излагачи од 35 земји на јавноста ќе и претстават повеќе од 1200 брендови на мотори и мото опрема.

Интермот ќе биде домаќин на сите големи играчи во мото светот, ќе бидат презентирани нови модели на мотоцикли, скутери, е-мотори, агрегати, мото делови, гуми, масла... едноставно се што има врска со мото светот.

Имајќи во предвид дека саемот во Келн годинава слави јубилеј 50 години постоење, интересот кај големите брендови е огромен, па така свое место за претставување веќе имаат резервирано BMW, Ducati, Harley-Davidson, Honda, Kawasaki, Suzuki, Piaggio (Групација:Aprilia, Piaggio, Vespa, Scarabeo, Derbi, Gilera и Moto Guzzi)  како и Triumph. KTM и Yamaha ќе бидат претставени на поголеми штандови со цел достојно да ги презентираат своите нови модели, а секако на саемот ќе бидат присутни и Husqvarna, Polaris, Victory и Indian. На саемот ќе бидат присутни и производители на гуми, моторни масла

Што не очекува?

Најавени се многу нови модели, според досегашните информации на саемот во Келн ќе бидат претставени следните модели за 2015: BMW S1000RR, Kawasaki Ninja H2, Yamaha R1, KTM 1290 Super Adventure, Ducati Scrambler.. 

Саемот ќе биде поставен во 5 хали, на вкупна површина од 118.000 квадратни метри, како и до сега, за публиката ќе биде обезбедена и забава во форма на фристајл МХ шоу, ќе биде организиран и натпревар во кастм изработка на мотоцикли, тест возења, трајл натпревар и многу други активности кои ќе ја направат посетата на саемот незаборавна.

Доколку сте во можност да го посетите саемот во Келн, не ја пропуштајте приликата, во спротивно следете не бидејќи нашата екипа веќе ја доби акредитацијата за саемот, а вие ќе имате прилика да ги видите сите новитети за 2015 преку објективот на нашиот фоторепортер.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

На аукција која минатата недела се одржа во Париз беа продадени мотоциклот Харли Дејвидсон и моторџиска јакна во сопственост на Папата Францис за неверојатни 299.000 евра.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Во Австралија осамна оглас дека се продава Yamaha RZ500N од 1985 година, и немаше да има ништо невообичаено со огласот, додека не се покажа дека Јамахата е нова, со 0км, сеуште спакувана во кутијата со која е испорачана од Јапонија!

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами