WSBK

Чаз Дејвис: Каков викенд!

Одличен викенд од почеток до крај за возачот на Aruba Ducati, Чез Дејвис, на патеката во Имола.

Следете нè на:

 

Одличен викенд од почеток до крај за возачот на Aruba Ducati, Чез Дејвис, на патеката во Имола. Откако успеа да го победи Џонатан Реа само еднаш од почетокот на сезоната, Дејвис замина во Имола решен повторно да се искачи на првото место на подиумот. Минатата сезона Велшанецот доминираше на познатата Италијанска патека, а и оваа година не беше ништо поразлично. Тој доминираше на секоја сесија, со исклучок само на првиот слободен тренинг. На крајот Дејвис успеа да ја освои пол позицијата, победи на двете трки и постигна најдобро време.

DaviesImola

„Каков викенд,“ изјави Дејвис. „Прв пат оваа сезона бевме најдобри од самиот старт па се до крајот. Во петокот успеавме да го најдеме нашиот ритам и оттогаш некако почнаа да се развиваат работите. Тимот заврши одлична работа. Мотоциклот функционираше перфектно и на двете трки.“

„На стартот имавме мали проблеми на повторениот старт започнавме одлично. Направив неколку добри потези и тоа не донесе на одлична позиција. Темпото на Сајкс беше добро и морав да се сконцентрирам и да го стигнам. Откако успеав да го претекнам, јас го поставував темпото. Им благодарам на сите Италијански фанови кои ни дадоа поддршка овој викенд. “

  1. JONATHAN REA 235 KAWASAKI
  2. CHAZ DAVIES 161 DUCATI
  3. TOM SYKES 160 KAWASAKI
  4. MARCO MELANDRI 124 DUCATI
  5. ALEX LOWES 94 YAMAHA
  6. XAVI FORÉS 84 DUCATI
  7. MICHAEL VAN DER MARK 78 YAMAHA
  8. JORDI TORRES 65 BMW
  9. LEON CAMIER 64 MV AGUSTA
  10. EUGENE LAVERTY 55 APRILIA
  11. ROMÁN RAMOS 44 KAWASAKI
  12. STEFAN BRADL 43 HONDA
  13. NICKY HAYDEN 40 HONDA
  14. LEANDRO MERCADO 34 APRILIA
  15. LORENZO SAVADORI 28 APRILIA
  16. RANDY KRUMMENACHER 25 KAWASAKI
  17. ALEX DE ANGELIS 23 KAWASAKI
  18. MARKUS REITERBERGER 19 BMW
  19. RAFFAELE DE ROSA BMW
  20. RICCARDO RUSSO YAMAHA
  21. JOSHUA BROOKES YAMAHA
  22. JULIAN SIMON APRILIA
  23. AYRTON BADOVINI KAWASAKI
  24. ONDREJ JEZEK 3

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.