Минатата година Реа стана првиот возач после Фогерти на кого му успеа да освои две титули едноподруго во Супербајк категоријата, а оваа сезона тој го урна рекордот откако по трет пат по ред стана Светски шампион.

На церемонијата која се оддржа во Бакингемската палата, Џонатан Реа ја доби наградата MBE која му ја додели принцот Вилијам. Трикратниот Светски шампион доби известување дека ќе биде добитник на оваа почест во јуни, и стана само еден од неколкуте тркачи кои се добитници на ова престижно признание.

JonathanReaMBE copy

Минатата година Реа стана првиот возач после Фогерти на кого му успеа да освои две титули едноподруго во Супербајк категоријата, а оваа сезона тој го урна рекордот откако по трет пат по ред стана Светски шампион.

30 годишниот возач за кратко ги напушти тестовите кои се оддржуваат во Херез и замина за Лондон за да ја подигне наградата. Но веднаш потоа, тој ќе се врати на југот на Шпанија и ќе му се придружи на тимскиот колега Том Сајкс.

Веднаш по доделувањето на наградата, Реа изјави:„Исто како и јас и Принцот Вилијам е голем фан на мотоциклизмот и разговаравме за мотоциклите. Голема чест ми е што бев поканет да дојдам и да ја добијам оваа награда. Ова е повеќе отколку што очекував. “

Back To Top