На почетокот на овој месец, комитетот на Светскиот Супербајк шампионат објави дека во три фази ќе имплементира нови технички правила кои ќе започнат да се применуваат од следната сезона.

wsbk-misano-2012

На почетокот на овој месец, комитетот на Светскиот Супербајк шампионат објави дека во три фази ќе имплементира нови технички правила кои ќе започнат да се применуваат од следната сезона.

Новите правила ќе вклучуваат цена на мотоциклот, ограничување на трошоците за делови, како суспензија, сопирачки и менувач, а исто така ќе го ограничи и бројот на мотори кои ќе можат да се користат во текот на сезоната.

Наскоро се очекува уште еден состанок кога комитетот повторно ќе се состане за да ги разработи финалните детали.  Се очекува на дискусијата да се разговара околу можноста да им се дозволи на мотоциклите од Суперсток класата да се натпреваруваат во Супербајк шампионатот, еден вид на „evo“ класа , многу слично на статусот што го имаат CTR тимовите во MotoGP.

Намалувањето на трошоците има за цел да ги натера тимовите да бидат повеќе ориентирани кон производство. Ова ќе им овозможи на Суперсток тимовите да преминат во Супербајк шампионатот без да извршат голем притисок врз својот буџет.

Сепак останува отворено прашањето како производителите ќе реагираат на овој предлог . Очекуваме повеќето од новите правила да бидат појасни до крајот на викендот.

Back To Top