WSBK

Honda е подготвена за новата сезона во Светскиот Супербајк шампионат

Honda е подготвена за новата сезона во Светскиот Супербајк и Суперспорт шампионат која започнува денеска на Филип Ајленд, Австралија.

Следете нè на:

 

Ова ќе биде првата од четиринаесетте трки ширум светот кои се распоредени од февруари до октомври. И оваа сезона возачите на Honda ќе се борат за највисок пласман.

Американецот Ники Хејдн и Холанѓанецот Михаел ван дер Марк во Супербајк категоријата ќе настапуваат на Honda CBR1000RR Fireblade SP. Во текот на зимата, мотоциклот доживеа неколку промени меѓу кој и нови спецификации на моторот како и променета шасија и електроника.

hejden vandermarkХејден и Ван дер Марк се подготвени за почетокот на сезоната

На поранешните светски шампиони Хејдн и Михаел ќе им се придружи и П.Ј. Јакобсен, кој минатата година го освои второто место во Светскиот Суперспорт шампионат. 22 годишниот Американец повторно ќе настапува на CBR600RR, а целта ќе му биде да ја освои десетата титула во средната категорија со Honda и Холандската компанија Ten Kate Racing.

Honda и Ten Kate повторно ќе соработуваат и ќе го продолжат успешното партнерството. Во изминативе четиринаесет години во двете класи, тие заедно освоија десет титули кај возачите и десет кај производителите.

Ќе започне следната фаза од мојата кариера во Супербајк категоријата. Морам да признаам дека сум многу среќен што сум тука. Исто така благодарен сум за можноста да настапувам за Honda и Ten Kate. Мислам дека се уште можам да бидам компетитивен и тука сум за да го докажам тоа. Ја ценам поддршката од фановите и со нетрпение чекам да почнат трките. Сигурен сум дека сезоната ќе биде добра за сите нас.Ники Хејдн

Среќен сум што повторно ќе настапувам за Honda и Ten Kate. Ова ми е четврта сезона со екипата и искрено можам да кажам дека тие ми се како семејство. Мислам дека ќе имаме уште една добра сезона. Мојата втора сезона во Светскиот Супербајк шампионат ќе ми биде навистина важна. Време е да почнеме и да се бориме за најдобар пласман на секоја трка.Михаел ван дер Марк

 

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.