Откако падна на првата трка во Портимао минатиот септември и заврши во болница со можни повреди на бубрегот,  Марко Меландри на својот twitter профил изјави дека има повреда на рамото која сеуште го загрижува.

melandri-portimao

Италијанскиот возач посетува редовна физиотерапија заедно со својот претсезонски тренинг,  меѓутоа сеуште има болки во неговото рамо.  Неговиот тим BMW Italia, за утре 16 Јануари, закажа фитнес тест на патеката Binetto во регионот на Пуља.

Светскиот супербајк шампионат за сезоната 2013 започнува идниот месец на патеката „Filip Island“. Меландри има помалку од еден месец да се врати во форма пред стартот на сезоната.

Back To Top