WSBK

Марко Меландри постигна двојна победа на трката на Филип Ајленд

Супербајк шампионатот започна овој викенд со првата рунда која се возеше на патеката Филип Ајленд, а која му припадна на возачот на Дукати - Марко Меландри.

Следете нè на:

 

Марко Меландри успеа да му ја одземе победата на Џонатан Реа за само 0.021 секунда на втората трка која се возеше на Филип Ајленд  и со тоа стигна до двојна победа.

Како што трката се приближуваше до самиот крај, се чинеше дека Реа  ги има работите под контрола. Но Меландри во последниот свиок успеа да го претекне и актуелниот шампион на крајот мораше да се задоволи со второто место. Ова за Реа е и најлош почеток на сезоната откако во 2015 година премина во Kawasaki.

MelandriWin2

Возачот на Barni Ducati, Чави Форес, беше во водство се до задолжителното влегување во гаражите. На крајот Шпанецот сепак успеа да се искачи на подиумот откако го освои третото место. Том Сајкс не успеа да ја повтори трката од саботата и на крајот заврши на четвртото место пред возачот на PATA Yamaha, Алекс Ловс.

Леон Камиер имаше добар старт со тимот на Red Bull Honda и на крајот се најде на шестото место, а Михаел ван дер Марк беше седми.

Жорди Торес успеа да го претекне Лорис Баз за осмата позиција додека пак дебитантот Торпак Разгатлиоглу ги комплетираше првите десет места.

Јуџин Лаверти, кој на почетокот на трката беше во водство, излета од патеката но сепак успеа да се врати. На крајот тој заврши на петнаесетото место.

Генерален пласман по првата рунда:

  1. MARCO MELANDRI50DUCATI
  2. TOM SYKES33KAWASAKI
  3. JONATHAN REA31KAWASAKI
  4. XAVI FORES29DUCATI
  5. ALEX LOWES21YAMAHA
  6. LEON CAMIER19HONDA
  7. CHAZ DAVIES16DUCATI
  8. MICHAEL VAN DER MARK16YAMAHA
  9. LORIS BAZ12BMW
  10. LEANDRO MERCADO10KAWASAKI
  11. EUGENE LAVERTY9APRILIA
  12. TOPRAK RAZGATLIOGLU9KAWASAKI
  13. JORDI TORRES8MV AGUSTA
  14. ROMÁN RAMOS7KAWASAKI
  15. JAKE GAGNE7HONDA
  16. PJ JACOBSEN2HONDA
  17. ONDREJ JEZEK1

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!