Повратникот во светската Супербајк серија Макс Нојкичер го претстави Ducati 1199 Panigale,  моторот што ќе го вози оваа сезона во Светскиот Супербајк Шампионат

MR Ducati 750 500

Повратникот во светската Супербајк серија Макс Нојкичер го претстави Ducati 1199 Panigale, моторот што ќе го вози оваа сезона во Светскиот Супербајк Шампионат

Макс Нојкирчер го прикажа моторот што ќе го вози оваа сезона во Светскиот Супербајк Шампионат.  Германецот се враќа во оваа серија после 2 години поминати во Moto2.

Германскиот возач, кој има две победи во WSBK серијата, ќе вози нов Ducati 1199 Panigale под знамето на MR Racing, приватен тим во кој ќе биде заедно со неговиот поранешен менаџер Марио Рубато

Пред да тргне на пат за Австралија со цел да биде дел од првата рунда од сезоната закажана за 22-24 Фебруари, Нојкичер преку својата фејсбук страна ги откри боите на својот мотор, црвена, бела и црна боја во согласност со личното лого на 29-годишниот возач.

Ветеран во класата од 125cc во WSBK серијата, Нојкичер беше претендент за победи во 2008 година додека возеше мотор од Сузуки, но сепак повредите во 2009 година  како и неуспешните настапи со Ten Kate Honda во 2010 година и лошиот настап во Moto 2 Светскиот шампионат му ја расипаа репутацијата.

Пред неговото враќање, Нојкичер го тестираше 1199 Panigalе заедно со неговите ривали во Херез, иако беше објавено дека машината сеуште не е доволно подготвена. Најдобро резултат за време на тестирањето му беше 1 мин. 44.426 секунди, малку подобро од времето на Аиртон Бадовини кој го возеше фабрички подготвениот  Алстаре Дукати.

Back To Top