Марко Меландри имаше операција на неговото рамо вчера попладне во обид да го реши проблемот кој настана по падот кој му се случи на првата трка минатата година во Портимао.

marco melandri

Марко Меландри имаше операција на неговото рамо вчера попладне во обид да го реши проблемот кој настана по падот кој му се случи на првата трка минатата година во Портимао.

Возачот на BMW мораше да вози со болка на првата трка од сезоната на Philip island, а таа се зголеми уште повеќе по падот што го имаше на трката број 1. При контакт со Карлос Чека, Меландри падна и го дислоцира своето рамо. Но и покрај тоа тој успеа да ја извози трката број 2 и да заврши на третото место.

Меландри ја објави оваа фотографија и напиша дека е среќен и дека операцијата поминала во најдобар ред и дека сега треба само да се одмара.

Италијанецот има речиси шест недели да закрепне пред следната трка која е закажана за 14 Април на MotorLand Aragon патеката во Шпанија.

Back To Top