Иако го признаваат престижот кој го носи учеството во MotoGP, од Пирели сметаат дека присуството во Светскиот Супербајк Шампионат го нуди најдобриот начин за развој на нивните гуми за асфалт.

542288 10151030103485330 19211913 n 

Иако го признаваат престижот кој го носи учеството во MotoGP, од Пирели сметаат дека присуството во Светскиот Супербајк Шампионат го нуди најдобриот начин за развој на нивните гуми за асфалт.

Оваа година Пирели ја одбележува нивната десетта сезона како ексклузивен застапник со гуми на WSBR,улога која ја исполнуваат од 2004 година кога серијата се одлучи на нов и контроверзен премин на употреба на само еден бренд на гуми.

Пирели потоа го презеде и договорот за снабдување со гуми на Формула 1 тимовите, откако Bridgestone  се повлече на крајот на 2010 година. Но Bridgestone продолжува да биде официјален снабдувач со гуми на MotoGP, позиција која ја држат од 2008 година кога натпреварите помеѓу производителите на гуми беа забранети.

Во нашиот модел за гуми за моторцикли мора да има големи сличности меѓу тркачките и гумите за продажба, а тоа го нема кај MotoGP. Доколку MotoGP го прифати ова, тогаш зошто да не?Џорџио Барбиер, Пирели

Договорот на Bridgestone важи до крајот на 2014 година. Доколку се одлучат да го продолжат, малку е веројатно дека Јапонската фабрика ќе има конкуренција од Пирели. 

„Секогаш ги гледавме Формула 1 и MotoGP како врв на мотоспортот,“ изјави Џорџио Барбиер, директорот за мото трки на Пирели ексклузивно за crash.net за време на компаниската мотоспорт презентацијата во Милано.

„Пирели сега е дел од Формула 1, што претставува врв. Дали нашиот бренд треба да биде и дел од MotoGp? Незнам...Во моментов сме дел од Супербајк серијата бидејќи сметаме дека учеството во Супербајк е најдобриот начин да ги подобриме нашите гуми. Дали би сакале да бидеме дел од MotoGp  за да имаме подобар имиџ? Пирели веќе има моторциклистички имиџ и сме лидери во моторциклистичките гуми, па зошто би сакале да бидеме дел од MotoGP?“

„Ние би сакале да го задржиме нашиот “модел”.  Тоа значи дека ние треба да работиме на проект кој има многу сличности помеѓу обичното возење и тркањето, а тоа го нема во MotoGP. Но доколку MotoGP го прифати ова, тогаш зошто да не. “

Договорот на Пирели со Супербајк серијата трае до крајот на 2015 година.

Back To Top