WSBK

Реа има можност да стане првиот возач кој успеал да ја одбрани титулата во WSBK серијата по Карл Фогерти

Џонатан Реа е блиску од одбрана на титулата во WSBK серијата и да стане првиот возач на кого му успеало тоа после Карл Фогерти кој успеа да ја одбрани титулата во 1999 година.

Следете нè на:

 

Џонатан Реа е блиску од одбрана на титулата во WSBK серијата и да стане првиот возач на кого му успеало тоа после Карл Фогерти кој успеа да ја одбрани титулата во 1999 година.

Доколку Том Сајкс успее да победи и на двете трки во Катар, на Џонатан Реа ќе му бидат потребни само два поена за да ја освои втората титула по ред.

rea pobeda tit

Најслабиот пласман на Реа оваа сезона беше четвртото место кое го освои на првата трка во Мањикур.  Возачот од Северна Ирска вели дека е подготвен за трката.

„Среќен сум што ќе ја завршам сезоната тука во Лосаил бидејќи навистина ми се допаѓа патеката. Атмосферата во Катар е фантастична. Целата моја фамилија ќе биде а ќе допатуваат и многу други мои пријатели. Се надевам дека ќе ја завршам сезоната со нова победа. За ова работевме напорно во текот на целата сезона.“

„Само што се вративме од одлична трка во Херез каде што успеав да се искачам на подиумот. Се чувствувам подготвен за трката во Лосаил бидејќи навистина ми се допаѓа трката и мислам дека можам да се борам за победа.“

Реа досега нема остварено победа на трката во Катар, а најдобар резултат му е второто место кое го освои на втората трката во 2014 година и првата трка во 2015 година.  Единствен возач кој бил актуелен светски шампион и кој успеал да  победи на трката во Катар е Трој Корсер во 2006 година.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.